мини|десно|350п|Еволуција на сончевата сјајност, полупречник и делотворна температура споредена со сегашното Сонце. Податоци: Рибас (2010) Сончева сјајност (симбол: ) — единица сјајност (луминозитет) или зрачен тек (моќ израчена во облик на фотони) во астрономијата со чија помош се утврдува сјајноста на ѕвездите. Една сончева сјајност е еднаква на тековно прифатената сјајност на Сонцето, што изнесува 3,839 W, или 3,839 ерг/с. Ако покрај електромагнетното, го вброиме и неутринското зрачење, вредноста е малку повисока: 3,939 W (еднакво на 4,382 кг/с или 2,107 M☉/d). Сонцето е слаба променлива ѕвезда и затоа неговата сјајност е колеблива. Главните варијации се одвиваат во текот на единаесетгодишниот сончев циклус (циклус на сочевите дамки), што префизвикува периодично колебање од ±0,1%. Сите други варијации во текот на последните 200–300 години се сметаат за многу помали.

Определување Сончевата сјајност е тесноповрзана со сончевата озрачителност (ирадијанса) што се утврдува на Земјата или од сателити во нејзината орбита. Средната озрачителност врз Земјината атмосфера понекогаш се нарекува сончева постојана (константа), . Озрачителноста се дефинира како моќ на единица површина, па затоа сончевата сјајност (вкупна моќ израчена од Сонцето) е озрачителноста што ја прима Земјата (сончевата постојана) помножена со плоштината на сферата чиј полупречник е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето :

каде A е единицата растојание (вредноста на астрономската единица во метри), а k е постојана (чија вредност е мошне блиску до 1), што се должи на тоа што средното растојание од Земјата до Сонцето не изнесува точно една астрономска единица.

Поврзано Сјајност Сончев полупречник

Наводи

Литература

Надворешни врски Сончева сјајност LISIRD: Интерактивен центар сончева озрачителност LASP Колебливост на сончевата сјајност

Сјајност Категорија:Ѕвездена астрономија Категорија:Единици за моќ