Општина Петровец — општина во Скопскиот Регион, во северниот дел на Македонија. Административно средиште на општината е истоименото село.
Географија и местоположба Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид.
Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски аеродром.
Историја 1913-1915 Општина Ибраимово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.
1915-1918 Општина Петровец продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Ибраимово (подоцна преименета во Општина Петровец) продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Ибраимово/Петровец, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.
1945-1965 Месниот народен одбор Петровец бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Петровец припаднал под новата Скопска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец повторно останал територијално ист. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Петровец ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, на сметка на укинатиот МНО Кадино. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Петровец била проширена на сметка на укинатата Општина Катланово со нејзините села Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле, и Летевци. Тогаш, Општина Петовец била проширена и со територијата на укинатата Општина Бунарџик со нејзините населени места Ајватовци, Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, и Текија. Истовремено, Општина Петровец ги добила селата Горно Коњари, Дивље, Долно Коњари, Средно Коњари и Сушица, на сметка на укинатата Општина Средно Коњари. Општината го добила и селото Грушино, на сметка на укинатата Општина Синѓелиќ. Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Петровец била укината и нејзината територија била припоена кон проширената Општина Кале.
1996-до денес 245px|десно|мини|Граници на Општина Петровец со атарите (1996-до денес). десно|мини|Поранешната зграда-седиште на Општина Петровец. Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Петровец била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија. Според административната поделба од 2004 година, Општина Петровец останала територијално непроменета.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Ибраимово имала 801 жител, односно вкупното население на Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.
Според пописот од 1921 година, Општина Ибраимово имала 658 жители. Според верската припадност, 496 биле православни, додека 162 биле муслимани. Според јазичната припадност, 496 биле Срби/Хрвати, 158 биле Турци, додека 4 биле Албанци.
Според пописот од 1931 година, Општина Петровец имала 1,872 жители, од кои 1,163 биле мажи, а 709 биле жени. Општината се состоела од 234 куќи и 258 домаќинства.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Петровец имал 1,779 жители, односно вкупното население на Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 1,229 биле Македонци, 192 биле Срби, 162 биле Албанци, 158 биле Турци, 26 биле Роми, 6 биле Црногорци, 1 бил Словенец, 2 биле Бугари, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.
Според пописот од 1953 година, Општина Петровец имала 4,463 жители, односно вкупното население на Идризово, Јурумлери, Кадино, Мралино, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 3,267 биле Македонци, 427 биле Срби, 353 биле Албанци, 255 биле Турци, 116 биле Роми, 17 биле Црногорци, 3 биле Словенци, 1 бил Хрват, 6 биле останати Словени, 18 биле останати несловени.
Според пописот од 1961 година, Општина Петровец имала 17,363 жители, односно вкупното население на Ајватовци, Бадар, Белимбегово, Блаце, Брезица, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Горно Коњари, Градманци, Грушино, Дељадровци, Дивље, Долно Коњари, Идризово, Јурумлери, Кадино, Катланово, Кожле, Летевци, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Текија и Ќојлија.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:
Народност Вкупно Македонци 12,028Срби 1,361Албанци 1,166Роми 229Муслимани 108Црногорци 76Хрвати 21Словенци 6Југословени 38Останати 2,330
Според пописот од 2002 година, Општина Петровец имала 8,255 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 2,087 домаќинства и 3,617 станови. 245px|десно|мини|Демографска карта на Општина Петровец по населени места, според пописот од 2002 година. Следува табела според народностите во пописот од 2002 година: Народност ВкупноУдел (%) Македонци 4,246 51,43 Албанци 1,887 22,86 Турци 75 0,91 Роми 134 1,62 Срби 415 5,03 Бошњаци 1,446 17,47останати 56 0,68 Следува табела според верската припадност во пописот од 2002 година: Вероисповед Вкупноправославни 4,652муслимани 3,564католици 8протестанти 0 останати 31 Следува табела според јазиците во пописот од 2002 година: Јазик Вкупномакедонски 4,320албански 1,910турски 72ромски 115влашки 0српски 347бошњачки 521 останати 970
Според една проценка од 2016 година, Општина Петровец имала 9,089 жители.
Според пописот од 2021 година, Општина Петровец имала 9,150 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Ќојлија и Чифлик. Општината имала 4,613 мажи и 4,537 жени кои живееле во 2,511 домаќинства и 4,136 станови.
Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:
Народност ВкупноМакедонци 4,609Албанци 1,676 Турци 116Роми 56Власи 2Срби 327Бошњаци 1,701Други неспомнати 2Непознато 2Лица кои податоците се превземени од административни извори600
Стопанство
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Петровец е Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за петти последователен мандат од четири години.
Согласно одлуката на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:
мини|300px|center|
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
ФК Петровец
Иселеништво
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953) Список на општини во Македонија по население (1961) Список на општини во Македонија по население (2002) Список на општини во Македонија по население (2021)
Забелешки
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Петровец Општина Петровец во „АБВ - деловен именик“