Општина Струга — општина во Западна Македонија. Административно средиште на општината е градот Струга. Општината е проширена согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога кон старата Општина Струга се припоиле поранешните општини Делогожди, Велешта, Лабуништа и Луково.
Историја Зграда на општината 220п|лево|мини|Седиштето на Општината до 2022 година. Општина Струга имала повеќе седишта односно згради низ текот на годините. Во 1965 година, зграда на општината била Зградата на Народната одбрана (ул. „Владо Малески“ б.б.), каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други одделенија.
До ноември 2022 година, адреса на општината била на плоштад „Маршал Тито/Мајка Тереза“ бб. На 4 ноември 2022 година, општинската власт службено се преселила во Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“. Демографија мини|лево|245px|Карта на Општина Струга со селските атари. мини|245px|right|Демографска карта на Општина Струга по населено место. мини|245px|right|Јазична карта на Општина Струга. Мајчин јазик на населението по населено место. Општината се состои од 43 села и градот Струга.
Според податоците од пописот на население спроведен во 2002 година, во Општина Струга имало 63.376 жители. Оваа бројка не е значајно променета во однос на бројот на жители со пописот од 1994 (според тогашната административно-територијална организација), кога во тогашната општина живееле 62.679 жители. Во градот Струга живеат околу 33.376 жители
Стапката на наталитетот во 2004 е 10,2 %(на 1000 жители) , а стапката на смртност изнесува 7,5 % (на 1000 жители). Стапката на смртност кај доенчињата изнесува 10,6 ‰ промили. Природниот прираст во бројка е 101, во промили е 2,7. Со овие податоци општината е под просекот на Републиката. Миграционото салдо во 2004 година е 6. Притоа како доселени се регистрирани вкупно 223 лица, од кои 152 се доселени граѓани во рамките на РМ. Бројот на вкупно отселените изнесува 217, од кои 150 се отселени граќани во рамки на РМ. Карактеристично е дека од вкупно отселените граѓани најголем број (113) се од женски пол, а најчести причини за преселување се склучувањето брак и семејните причини (78 и 52 редоследно). Просечната густина на населението изнесува 130,6 лица на км2.
Бројот на склучени бракови во 2004 година е 288 или 7,8 брака на 1.000 жители и бројка на разводи 12 или 0,3 разводи на 1.000 жители. Во однос на склучените бракови Општината е над, додека во однос на разведените бракови Општината е под републичкиот просек, односно спаѓа во групата општини со најниска стапка на разведени бракови. Структурата по пол за Општина Струга е 31.743 (50 %) жени и 31.633 (50 %) мажи. Просечната старост на населението, според пописот од 2002, изнесува 33,1 години. Учеството на младо население до 20 годишна возраст изнесува 36,2%, најголемо учество во вкупното население има населението со старост под 40 години 67,2% додека процентот на население над 60 години е 11,7.
Демографија на старата општина Струга (1996-2004)
Според пописот од 2002 година, a според старата територијална поделба, општината имала 36.892 жители.: НародВкупноУдел (%) Македонци 17.68647,9 Албанци* 15.32441,5 Турци* 2.0085,4 Роми1120,3 Власи 6471,7 Срби 1000,2 Бошњаци 310,08останати9842,6 * Во општината има Македонци муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици: ЈазикГоворнициУдел (%) македонски 19.93954 албански 15.40841,7 турски 8852,3 ромски640,1 влашки 3430,9 српски 750,2 босански 130,03останати1650,4
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии: ВероисповедСледбенициУдел ( %) православни 17.51547,4муслимани18.96751,4католици300,08останати3801,03
Демографија на новата општина Струга (2004-денес) Според пописот од 2002 година, a според новата територијална поделба, општината имала 63.376 жители.: Народ ВкупноУдел (%) Македонци 20.33632 Албанци* 36.02956,8 Турци* 3.6285,7 Роми1160,1 Власи 6551 Срби 1070,1 Бошњаци 1030,1останати2.4023,7 * Во општината има Македонци муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици: Јазик ГоворнициУдел (%) македонски 29.13545,9 албански 32.22550,8 турски9891,5 ромски640,1 влашки 3440,5 српски 870,1 босански 150,02останати5170,8 Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии: Вероисповед ВкупноУдел (%) православни 19,76431,1муслимани42,86767,6католици350,05протестанти10,001останати7091,1
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Струга е Менди Ќура (независен). Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани Струшки вечери на поезијата - најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на организацијата е Славе Ѓорѓо Димоски.
Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.
Култура и спорт Во Општина Струга има повеќе спортски клубови. Во фудбал најголеми претставници се ФК Караорман и ФК Струга, во кошарка е КК Црн Дрим, додека во ракомет се РК Струга и ЖРК Стружанка.
Иселеништво
Галерија
Наводи
Надворешни врски Општина Струга во „АБВ - деловен именик“ „Социјална карта на општина Струга“
*