Општина Росоман — општина во централниот дел на Република Македонија. Градоначалник е Ѓорѓи Крстевски. Општинско седиште е селото Росоман. Создадена е со одделување од Општина Кавадарци во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите.
Географија Росоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Според апсолутната надморска височина, таа се вбројува во една од најниските општини во Македонија. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со Општината Неготино, од исток, на југ и југоисток со Општината Кавадарци, од југозапад со Општината Чашка и од северозапад со Општината Градско. Низ општинското седиште Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје.
Демографија Општината Росоман се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570 м.
Во општината живеат 4.141 жител, од кои 3.694 (89 %) се Македонци, 409 (10 %) се Срби итн. Густината на населеност изнесува , со што таа се вбројува во ретко населените општини во Македонија. Во споредба со 1994 година, бројот на жителите во општината е намален за 259 (5,9 %). Вкупниот број на домаќинства изнесува 1.284, односно во секое домаќинство живат по 3,2 жители. Вкупниот број на станови изнесува 1.663, односно во секој стан живеат по 2,5 жители. Во централната населба Росоман живеат 2.554 жители, односно близу 62% од вкупното население во општината.
Вероисповед Вкупно православни 4.111 муслимани 6 католици 1 протестанти 0 останати 23
Јазик Вкупномакедонски 3.894албански 0турски 0ромски 5влашки 0српски 215бошњачки 0 останати 25
Самоуправа и политика Градоначалник на општина Росоман е Ѓорѓи Крстевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.
Култура и спорт
Во Росоман има еден фудбалски клуб, „ФК Росоман 83“, којшто се натпреварува во Третата македонска лига.
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Росоман Општина Росоман во „АБВ - деловен именик“