Чукаре — археолошко наоѓалиште во кичевското село Длапкин Дол, Општина Кичево. Претставува населба од железното, хеленистичкото, римското и доцноантичкото време.Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата северна страна, на висок рид што се издига над железничкиот мост и коритото на Мала Река. На врвот, кој има зарамнето плато со површина од 200 × 150 м, се зачувани остатоци од населба со одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. На површината се присутни фрагменти од керамички садови, градежен материјал и згура од топена железна руда. Керамиката според фактурата, изработката, типологијата и украсувањето е од различни временски и културни епохи. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Длапкин Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Длапкин Дол Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Кичево