Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од една минута. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победаПрофил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови..
Кратка содржина
Филмот има три кадри, сите снимени од горен ракурс, од исто место во континуитет. Во првиот кадар е снимен воен дувачки оркестар (околу насобран народ), во вториот, со скок во дејствието, колона кочии со цивили, а од страните на колоната по еден турски војник, и во третиот кадар, исто така како продолжение од претходниот, со скок во дејствието, колона коњаници по четворица во ред.
Поврзано Браќа Манаки Манифестации (со грчки натписи) Манифестации по повод Младотурската револуција Манифестации по повод Хуриетот Парада по повод Хуриетот Турци држат говор на Хуриет
Наводи и белешки
Надворешни врски
Категорија:Филмови на браќата Манаки