Бесправно доселување или нелегална имиграција — миграција на луѓе во земја со прекршување на законите за доселување на таа земја или континуиран престој во земја без законско право да го стори тоа. Бесправното доселување има тенденција да биде финансиски нагорна, при што мигрантите се движат од посиромашните во побогатите земји. Незаконскиот престој во друга земја создава ризик од притвор, депортација и други наметнати санкции.

Терминологија Со нелегалната имиграција се опишуваат луѓето кои без формална дозвола влегуваат во некоја земја. Постојат голем број гледишта за нелегалната имиграција кои зависат од политичка гледна точка:Taylor, Mark (December 2007). "The Drivers of Immigration in Contemporary Society: Unequal Distribution of Resources and Opportunities". Human Ecology. 35 (6): 775–776. doi:10.1007/s10745-007-9111-z. S2CID 153735765.

Странец со нелегален престој Нелегален имигрант Нелегални работници Sans papiers/„без документи” Нелегален имигрант/мигрант/странец/работник/жител Луѓе кои „се кријат/живеат/престојуваат/работат во сенка” Непријавен имигрант/мигрант/странец/работник/жител Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без дозвола за работа Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без документи Имигрант „без статус на имигрант/без правен статус” Имигрант/мигрант/странец/работник/жител чија виза е истечена и нелегално престојува во земјата Имигрант/мигрант/странец/работник/жител кој не е натурализиран Бегалци кои се обидуваат да избегаат со чамец од својата родна земја во други земји т.н.“boat people“

Причини Економија и пазари на трудот Нето приливот на нелегална имиграција речиси целосно го сочинуваат имигранти кои потекнуваат од земји со пониски социоекономски нивоа кон земји со повисоки социоекономски нивоа , а особено од земјите во развој кон развиените земји. Иако постојат други причини кои се поврзуваат со посиромашните земји (опишано подолу),најчестата мотивација за нелегалните имигранти е потрагата по поголеми економски можности и квалитет на живеење во земјата-одредиште.Според дискусија за основен трошок/корист за нелегална имиграција, потенцијалните имигранти сметаат дека веројатноста и придобивките од успешното мигрирање во земјата-одредиште се поголеми од трошоците. Овие трошоци можат да вклучат ограничувања на живеењето како нелегален имигрант во земјата-одредиште, оставајќи ги зад себе семејството и начинот на живеење, како и веројатноста дека можат да бидат фатени и санкциите кои произлегуваат од тоа. Предложените економски модели, кои се засноваат на рамката на трошок/корист, имаат различни размислувања и степени на сложеност.

Неокласичен модел Неокласичниот економски модел само ја разгледува веројатноста за наоѓањето работа и успех кога се имигрира, како и порастот на реалниот доход кој може да го очекува нелегалниот имигрант. Ова обајснување ги зема предвид економиите на двете земји , вклучувајќи колку од „факторите на привлекување” има земјата-одредиште во однос на подобро платени работни места и подобрувања во квалитетот на живеење. Исто така ги опишува и „факторите на одбивање” кои произлегуваат од негативните услови во родната земја, како што се недостаток од вработувања или економска подвижност. Неокласичната теорија исто така ја зема предвид веројатноста за успешна нелегална емиграција. Факторите кои влијаат на ова се географската близина, граничната полиција, веројатноста и последиците од апсењето, олеснување на нелегалното вработување и можности за легализација во иднина. Овој модел доаѓа до заклучок дека во земјата-одредиште нелегалните работници се стремат кон тоа да се вклучат и да се натпреваруваат со масата неквалификувани работници. Според овој модел нелегалните работници се успешни во наоѓањето работно место со тоа што се подготвени да добиваат пониски плати, понекогаш и под минималната плата ,отколку луѓето кои се родени во таа земја. Економистот Џорџ Борјас (George Borjas) ги поддржува гледиштата на овој модел и според неговите пресметки, фактичките плати на работниците во САД коишто немаат завршено средно образование, во периодот од 1980 до 2000 година се намалија за 9% поради конкурентноста на нелегалните имигранти .

Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од Мексико во САД, големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикувале моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги зел предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите години од 20 век и покрај значајниот економски дебаланс. Со цел да се образложат останатите фактори предложени се значителен број на појаснувања, како што е наведено подолу.

Либерализација на трговијата Во последните години земјите во развој ги следат придобивките од глобализацијата со тоа што се залагаат за нејзино намалување со цел да ја либерализираат трговијата. Но, брзото отворање на домашни пазари може да доведе до раселување на голем број земјоделци или неквалификувани работници ,за кои постои поголема веројатност преку нелегална имиграција да бараат вработување и повисок квалитет на живеење. Ова е најчесто наведуван доказ за да се објасни како Северноамериканската асоцијација за слободна трговија може да ги осиромаши земјоделците во Мексико , особено во однос на производството на пченка, кои не биле во можност да се натпреваруваат со повисоката продуктивност на субвенционираното земјоделство на САД. Така, НАФТА можеби неочекувано го зголемила нивото на образование потребно за работните места во индустријата во Мексико , затоа што новите, извозно ориентирани, текстилни фабрики произведуваа производи за извоз за кои се потребни вештини и образование, а кое што голем број работници го немаа.

Структурна побарувачка во развиените земји Даглас Меси тврди дека во развиените земји разгранетиот пазар на трудот создава структурна побарувачка, со цел неквалификуваните имигранти да ги пополнат оние работни места кои не се барани и кои граѓаните кои се родени во таа земја не ги прифаќаат, независно од висината на платите. Според оваа теорија во постиндустриските економии постои јаз кој се зголемува помеѓу доброплатените , канцелариски работни места, за кои се потребни се повисоки нивоа на образование и „човечки капитал” за кои домашното население и легалните имигранти можат да се квалификуваат , и оние најниските работни места што се обележани како работа за лица без образование. Овие работни места кои се сметаат за „поткласа“ вклучуваат собирање на жетвата, неквалификувана работна сила во уредување на земјиште и градежништво, чистење куќи и работење како чистачка и помошник келнер во хотели и ресторани, секаде онаму каде што има непропорционален број нелегални работници.

Со намалувањето на бројот на „среднокласните“ работни места во индустријата и со сè помалиот број на работни места за работници без формално образование, помладите генерации од домашното население се одлучиле за стекнување повисоко образование. Најголемиот дел од новите работни места на работничката класа се „поткласна” работа која ја споменавме погоре, што страда од несигурност (односно привремените работни места наспроти работа во фабрика), подредени улоги и недостаток од потенцијал за напредување.

Во исто време , многу попривлечни се приправничките работни места и работните места во услужниот сектор ,кои им нудат можности за напредување на домородните работници со цел да влезат во доминантната образована класа , па дури и ако ги плаќаат исто или помалку од работната сила. Оттука, оваа теорија тврди дека во една развиена земја како што е САД , каде што денес само 12% од работната сила е само со завршено основно образование, постои недостаток од домашни работници кои немаат друг избор освен да прифатат да работат мануелна работа која не ја посакуваат.

Од друга страна, нелегалните имигранти имаат многу пониско образование (околу 70% од нелегалните работници кои од Мексико имигрирале во САД немаат завршено средно училиште). Тие сѐ уште се подготвени да прифатат работни места кои се сметаат за „поткласа “,поради многу повисоките релативни плати отколку оние во нивната родна земја. Недостатокот од можност за напредување не им претставува проблем на нелегалните имигранти, бидејќи тие често очекуваат само привремено да работат во земјата-одредиште.

Доказ за ова може да се види во една анкета на Центарот за истражување „Пју” извршена врз повеќе од 3 000 нелегални имигранти кои имигрирале од Мексико во САД , која покажа дека 79% доброволно би се приклучиле кон програма за привремена работа која би им овозможила легално да работат неколку години ,но која потоа ќе им наложи да заминат.

Теоријата на структурна побарувачка претпоставува дека волјата да се работи на непосакувано работно место ,отколку да се работи за вообичаените ниски плати е она што им овозможува на нелегалните имигранти да најдат работа. Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и домашните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти „прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги „намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници

Сиромаштија Иако економските модели го испитуваат релативното богатството и приходот помеѓу земјите на потекло и земјите-одредишта, тие не мора неопходно да подразбираат дека нелегалните мигранти се секогаш осиромашени од стандардите на земјата на потекло. Кај најсиромашните слоеви во земјите во развој може да се појави недостаток од ресурси кои им се потребни за да се обидат да преминат нелегално или да ги одржат врските со пријателите или семејството во земјата-одредиште. Истражувањата на центарот „Пју” покажуваат дека нивото на образование и плати кај нелегалните мексикански имигранти во САД се колку средните вредности во Мексико , а припаѓањето на семејство со роднини кои емигрирале или на заедница со многу емигранти претставува силен показател за евентуален избор да се емигрира. Други примери покажуваат дека порастот на сиромаштијата , особено кога е поврзана со непосредна криза, може да ја зголеми можноста за нелегална миграција. Економската криза во Мексико од 1994 година , која настапи по започнувањето на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), беше поврзана со распространувањето на сиромаштијата и пониското вреднување на пезото во однос на доларот. Исто така таа го означи и почетокот на масивниот бран на емиграција во Мексико, во кој нето нелегалната миграција во САД секоја година се зголемуваше почнувајќи од средината на осумдесеттите години од 20 век па сè до средината на првата декада од 21 век. Исто така, постојат примери каде што природните непогоди и пренаселеноста можат да го зголемат приливот на миграции предизвикани од сиромаштијата.

Пренаселенот Порастот на населението што го надминува максималниот капацитет на една област или опкружување резултира со пренаселеност. Наглиот пораст на населението може да предизвика проблеми како загаденост, недостаток на вода и сиромаштија. Светското население се зголемило од 1,6 милијарди во 1990 година на околу 6,7 милијарди денес. Само во Мексико , населението се зголемило од 13,6 милиони во 1900 година на 107 милиони во 2007 година.