мини|Лого на филмот Криминални умови е американска полициска процедурална драма која за првпат се појавува на 22 септември 2005 година на CBS. Низ серијата се проследува тим кој прави профили од Единицата за анализа на однесувањето на ФБИ (ЕАО) со седиште во Квантико, Вирџинија. ЕАО е дел од Националниот центар за анализа на насилен криминал на ФБИ. Криминални умови се разликува од другите процедурални драми со тоа што се фокусира на криминалецот наместо на самото кривично дело. Шоуто е во продукција на Марк Гордон куќата со CBS Television Studios и ABC Studios. Оригиналниот наслов за Криминални Умови е Квантико и пилотот е сниман во Венкувер. Во сценариото за Квантико, Џејсон Гидеон е именуван како Џејсон Донован.

Во октомври 2009 година CBS објави дека Legacy Interactive ќе создаде видео игра врз основа на шоуто. Играчите ќе треба да истражуваат места на злосторства да бараат докази за да помогнат да се решат мистериозните убиства. Играта треба да излезе на почетокот на 2011 година.

ПОЗАДИНА Првично, серијата се фокусира на Џејсон Гидеон (Менди Патинкин), Арон Хочнер (Томас Гибсон), и останатите од Единицата за анализа на однесувањето, во понатамошниот текст именувани како тимот ЕАО. За првата сезона, тимот е составен од Ел Гринавеј (Лола Глаудини), Дерек Морган (Шемар Мур), д-р Спенсер Рид (Метју Греј Гублер), Џенифер Џареу, исто така позната како Џеј Џеј, (ЕјЏеј Кук), и Пенелопе Гарсија (Кирстен Фангснес). Кога серијата имаше премиера, Фангснес не беше во редовната екипа, туку се појавуваше како гостин.

За време на втората сезона, Ел Гринавеј заминува по шестата епизода и е заменета во деветтата епизода во истата сезона со Емили Прентис (Пеџет Брустер). На почетокот од третата сезона, Џејсон Гидеон заминува по втората епизода и по неколку епизоди е заменет со Дејвид Роси (Џо Мантења). За време на шестата сезона, Џеј Џеј заминува по втората епизода. Ешли Сивер (Рејчел Николс) е претставена, но не значително како замена за Џеј Џеј, повеќе само да го пополни нејзиното место по заминувањето.

Исто така, понатаму во шестата сезона, Емили Прентис ја напушта серијата, без никаква најавена замена. ЕјЏеј Кук се враќа во шоуто да учествува во последната епизода на Брустер, најавен како „специјален гостин“. И глумците и членовите на екипата на шоуто беа едногласни во своето незадоволство за одлуката Кук и Брустер да го напуштат шоуто од страна на мрежата и глумците се надеваат дека нивните колеги ќе се вратат наредната сезона. На 15 април 2011 година беше најавено дека Еј Џеј Кук потпишал договор за враќање во серијата како редовен глумец на крајот од шестата сезона и за почетокот на седмата сезона и CBS имаат опција за договорот на Пеџет Брустер – доколку нејзиниот нов пилот договор пропадне- да и дадат шанса и таа да се врати. Томас Гибсон и Шемар Мур засега не се потпишани за седмата сезона. Преговорите и за двајцата сè уште се во тек.

Во шоуто како и во овој текст, се користи терминот "unsub" за да се опише криминалец, што значи „непознат субјект“.

Сезона ФБИ Шеф на Единицата Помлад НСА Надзорен специјален агент Надзорен специјален агент Текст на наслов НСА- односи со јавноста Технички аналитичар Помлад ФБИ агент 1 Арон Хочнер (Томас Гибсон) Џејсон Гидеон (Менди Патинкин) Дерек Морган (Шемар Мур) Ел Гринавеј (Лола Гаудини) Д-р Спенсер Рид (Метју Греј Гублер) Џенифер Џеј Џеј Џуреу ( Еј Џеј Кук) Пенелопе Гарсија (Кирстен Фангснес) Празно 2 Емили Прентис (Пеџет Брустер) 3 Дејвид Роси (Џо Мантења) 4 5 Дерек Морган (Шемар Мур) Арон Хочнер (Томас Гибсон) 6 Арон Хочнер (Томас Гибсон) Дерек Морган (Шемар Мур) Празно 7 Празно Џенифер Џеј Џеј Џуреу Ешли Сивер (Рејчел Николс)

ЧЛЕНОВИ НА ЕАО ТИМОТ

Надзорен специјален агент/ шеф на единицата Арон „Хоч“ Хочнер

Игран од Томас Гибсон, Хочнер е поранешен обвинител и првично е назначен во теренското биро на ФБИ во Сиетл. Тој е еден од најискусните агенти во ЕАО. Постојано се бори да балансира потребите на неговата работа со неговиот семеен живот, но неговата сопруга Хејли се разведува од него во третата сезона. Хејли понатаму во серијата е убиена од сериски убиец во бегство познат како „Косачот“, во петтата сезона. Откако ќе биде нападнат од Косачот на крајот од 4тата сезона и шпекулациите на Шефот на Одделот Штраус во врска со неговата способност да продолжи да го води тимот, Хоч му го предава водството на ЕАО на НСА Дерек Морган. Откако ќе го убијат Жетварот, Хочнер повторно е назначен за Шеф на единицата.

Надзорен специјален агент/ Шеф на единицата за акција Дерек Морган

Игран од Шемар Мур, Морган е сигурен, самоуверен и често импулсивен карактер. Израснат од самохрана мајка, Дерек бил проблематично момче од Чикаго обвинет за малолетничка деликвенција. Тој бил спасен и обучуван од страна на човек кој подоцна е уапсен поради малтретирање на деца, Морган бил еден од неговите жртви. Откако се заинтересирал за фудбал, со стипендија го посетувал Универзитетот Northwestern. По ова, тој се приклучил на одделот за бомби во Полицискиот Оддел на Чикаго, а оттаму се префрлил во ЕАО. Тој е унапреден во одговорен на ЕАО, привремено, од Шефот на одделот Хочнер, поради шпекулациите дека Штраус имал намера да го раздели тимот бидејќи таа се сомневала во неговите способностите за водење. Морган се согласува, под еден услов„ сè ќе се врати во нормала“, откако ќе го уапсат Фојет. Хочнер се враќа во ЕАО на помала функција, но по смртта на неговата бивша жена Хочнер си ја врати неговата главна улога како Шеф на единицата. Морган имапосебна врска со техничкиот аналитичар Пенелопе Гарсија и тие двајцата имаат единствена стенографија и шеги. На крајот од 5тата сезона, Морган е начекан во заседа и врзан додека му помагал на детективот Спицер да ги спасат неговата сестра и ќерка од Принцот на темнината. Во премиерата на шестата сезона, Морган брутално го убива Принцот на темнината во ледено сокриван бес и развива близок однос со ќерката на Спицер Ели. Откако Ели бега од згрижувачкиот дом во „Безбедно небо“ кој е смесена и се појавува во ЕАО да го бара Морган, тој и Гарсија ја пронаоѓаат нејзината мајка и им помага да се зближат.

Надзорен специјален агент д-р Спенсер Рид

Игран од Метју Греј Гублер, Рид е најмладиот член на ЕАО. Тој е гениј кој на 12 годишна возраст го завршил државното средно училиште во Лас Вегас и има докторати по математика, хемија и инжинерство како и магистратури по психологија и социологија и од четвртата сезона работи на магистратура по филозофија. Познато е дека тој има коефициен на интелигенција од 187, повисок и од Алберт Ајнштајн, може да чита 20 000 зборови во минута и има ејдетска меморија. Рид се приклучил во ФБИ во 2004 година. Повеќето од членовите на тимот се заплашени од неговото продлабочено знаење. Тој вообичаено е претставуван како „Д-р Рид“, за разлика од другите агенти кои се претставувани како „надзорен специјален агент“. Намерата за ова, како што објаснува агент Хочнер во пилот епизодата, е да се создаде респектабилен прв впечаток за Рид, да се одбегнат пресудите за неговите години. Тој е кум на синот на Џареу, Хенри. За време на втората сезона, тој е киднапиран од неидентифкуван субјект кој го дрогира д-р Рид со дилаудид замешан со неименуван халуциноген. Како резултат на тоа, Рид за кратко станува зависен на аналгетикот дилаудид, но подоцна се излекува откако ќе посети неколку состаноци за поддршка на зависниците специјално за членовите на заедницата за спроведување на законот. Во шестата сезона, тој размислува со тоа што неговата мајка му го кажала за неговото детство и открива дека татко му го напуштил семејството откако мајка му доживеала нервен слом. Неговата мајка е болна од шизофренија и е сместена во ментална установа во Лас Вегас.

Технички аналитичар Пенелопе Гарсија

Игран од Кирстен Фангснес, Гарсија е компјутерскиот техничар на тимот во седиштето на ЕАО во Квантико. Таа не е Латиноамериканка како што се чини од нејзиното презиме, Гарсија е презимето на нејзиниот очув. Таа ги изгубила и двајцата родители на многу мала возраст и оттогаш живее „од мрежата„ како компјутерски хакер. Гарсија се приклучила во бирото со тоа што привлекла внимание на себе откако не легално пристапила кон дел од нивната опрема и и понудиле опрема во замена за затворска казна. Најчесто таа го поддржува тимот од нејзината компјутерска лабораторија од Квантико, но повремени им се придружува на локации каде нејзините вештини можат да се искористат на терен. Таа ужива флертувачка врска со НСА Морган, често впуштајќи се во шеги од сексуална природа, кога тој се јавува за информации. Таа е погодена од огнено оружје од неидентификуван субјект кој прво ја шармира и ја однесе на состанок. Таа му е кума на синот на Џареу, Хенри. За време на шестата сезона. По заминувањето на Џеј Џеј, Гарсија се обидува да биде врска со јавноста и да ја пополни улогата на Џеј Џеј. Хоч и Гарсија се согласуваат дека најдобро ќе биде обврските да ги поделат помеѓу членовите на тимот.

Надзоре специјален агент/ односи со јавноста Џенифер Џеј Џеј Џареау

Игран од ЕјЏеј Кук, Џареау играше како врска на томот со медиумите и агенциите на локалните полиции. Таа е во врска со Вилијам ЛаМонтање, полициски службеник во Њу Орлеанс и тие двајцата имаат син, Хенри. На почетокот од шестата сезона, Џареау беше принудена да прифати унапредување во Пентагон поради што мораше да замине од тимот, иако Шефот на единицата Хочнер рече дека се надева дека во иднина таа ќе се врати во ЕАО. Џеј Џеј се врати во епизодата насловена како „Лорен“ да му помогне на тимот на да пронајде агетката Прентис. Таа уште еднаш ќе се врати во финалето на шестата сезона, пред повторно да се врати како постојан член во седмата сезона.

Надзорен специјален агент Дејвид Роси

Игран од Џо Мантења, Роси е искусен профилер кој веќе еднаш работел во ЕАО во нејзините почетоци, тогаш се пензионирал порано за да пишува книги и да држи предавања за криминалните анализи, сè додека не волонтирал да се врати кратко по заминувањето на Гидеон.

Кадет во ФБИ Ешли Сивер

Игран од Рејчел Николс, Сивер е кадет на обука во Академијата на ФБИ во Квантико. Таа го следи тимот на ЕАО да им помогне во истрагите за убиства во затворени заедници. Таа е избрана поради нејзината уникатна позадина, нејзиниот татко беше ужасен сериски убиец кој уби многу жени пред да биде фатен од ЕАО. На почетокот, Шефот на единицата Хочнер ќе ја направеше специјалец, консултант на тимот за една ситација, но Роси и дозволи да ја заврши нејзината помошна обука со тимот, под надзор на НСА Прентис. Во „Со вакви пријатели“ таа дипломира на Академијата и беше примена во тимот како „пробен агент“.

Надзорен Специјален агент Џејсон Гидеон

Игран од Менди Патинкин, Гидеон е добро познат како најдобриот профилер на ЕАО. Пред почетокот на серијата, тој имал нервен слом откако испратил тим од шест агенти во склад во Бостон, каде сите бие убиени од бомба. На почетокот на серијата, тој се враќа на неговата функција по шест месеци медицинско отсуство која за тоа време ја вршеше Хочнер како Шеф на единицата. Гидеон има безбедносен сертификат и има обезбедено анализа на класифицирано однесување за ЦИА. Тој му е ментор на агентот Рид и иако е непишано правило дека членовите на тимот не треба да прават профили еден за друг, тој често им нуди морална поддршка и охрабрување на членовите на неговиот тим кога стресот од работата ќе ги нападне. По серија од емотивно напорни случаи и убиството на неговата пријателка Сара во неговата куќа од страна на сериски убиец во бегство, тој почнува да се чувствува истрошено. Последната капка прелева кога Шефот на единицата Хочнер е суспендиран на две недели од газдата на тимот, настан за кој Гидеон се чувствува одговорен. Тој се повлекува во неговата канцеларија и остава писмо за Рид, бидејќи знае дека тој е првиот кој ќе дојде да го бара. Кога Рид доаѓа во канцеларијата, ја наоѓа празна освен писмото на Гидеон, значката и оружјето. Гидеон последен пат е виден во Невада каде во еден ресторант и кажува на келнерката дека не знае каде оди и дека ќе знае кога ќе стигне таму, го напушта ресторантот и заминува.