Внатрешниот пазар на Европската Унија (понекогаш познат како Единствен пазар, порано познат како Заеднички пазар) се труди да обезбеди слободно движење на добра, капитал, услуги и луѓе, четирите слободи на ЕУ, во рамките на 27 земји-членки. Внатрешниот пазар е наменет да биде погоден за зголемената конкуренција, зголемената специјализација, поголемата економија на обем, да им овозможи на добрата и факторите на производство да се движат во област каде се најценети, а со тоа да се подобри ефикасноста на распределбата на ресурси. Исто така, за цел има да ја движи економската интеграција, додека да одделните економии на земјите-членки се интегрираат во рамките на единствена широка економија на ЕУ. Половина од трговијата на ЕУ е опфатена од законодавството усогласено од ЕУ.
__TOC__
Историски развој
Две од освните и главни цели на Европската економска заедница (ЕЕЗ) беа развојот на заеднички пазар, кој ќе понуди слободно движење на добра, услуги, луѓе и капитал. Слободно движење на добра е основано како принцип со помош на царниската унија меѓу тогашните шест земији-членки.
Сепак, ЕЕЗ се бореше да создаде и спроведе единствен пазар поради отсуство на силни структури за одлучување. Беше тешко да се отстранат нематеријалните бариери со заемно признавање на стандардите и заедничките регулативи заради заштитнички ставови.
Во средината на осумдесеттите години на 20 век, кога економијата на ЕЕЗ почна да заостанува зад развиениот свет, Комисијата на Делор презеде иницијатива и во обид да повторно го започне заеднички пазар, во 1985 објави насоки и упатства, идентификувајќи 300 мерки со кои треба да се справат со цел да биде завршен единствениот пазар. Насоките и упатствата беа добро прифатени и доведоа до усвојување на Единствениот европски акт, договор кој ги реформираше механизмите за донесување на одлука на ЕЕЗ и постави рок до 31 декември 1992 година за завршување на единствениот пазар. На крајот, единствениот пазар беше лансиран на 1 јануари 1993 година.
Новиот пристап, чијшто претеча беше Комисијата на Делор, направи комбинација на позитивна и негативна интеграција, се заснова на минимална усогласеност, а не на целосна усогласенност. Негативната интеграција се состои од забрани наметнати врз земјите-членки кои имаат дискриминаторно однесување и други ограничувачки практики. Позитивната интеграција се состои од приближување на закони и стандарди. Во овој поглед, особено значајно (и контраверзно) е усвојувањето на усогласувачко законодавство според член 114 од ТФЕУ (Договор за функционирање на Европската Унија).
Комисијата, исто така, сметаше на правната наука во случајот ,,Касис де Дижон’’ (случај 120/78) на Европскиот суд на правдата, според која земјите-членки се обврзани да признаваат добра кои законски се направени во друга земјите-членки, освен доколку земјите-членки може да го оправда ограничувањето со повикување на задолжително барање. Усогласувањето ќе се искористи само за надминување на бариерите создадени од трговските ограничувања кои опстанаа и по задолжителниот тест за барања од случајот ,,Касис’’, и да обезбедат неопходни стандарди каде постои ризик за одење до крај.
До 1992 година, околу 90 проценти од проблемите се решија и во истата година Мастришкиот договор ја постави основата за создавање на економски и монетарен сојуз како следно ниво од интеграција. Спроведувањето на работата на слободата на услуги одзеде повеќе време и беше последната слобода која се спроведува, главно преку Директивата за назначување на работници (усвоена 1996 годинаDirective 96/71/EC) и Директивата за услуги во внатрешниот пазар (усвоена во 2006 годинаDirective 2006/123/EC).
Во 1997 година, Договорот од Амстердам ги укина физичките бариери за внатрешниот пазар преку воспоставување на Шенген зона во рамките на надлежностите на ЕУ. Договорот од Шенген го спроведува укинувањето на гранична контрола меѓу повеќето земји-членки, општите правила за виза, како и полициска и судска соработка.
Дури и со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон во 2009 година, одредени области кои се однесуваат на четирите слободи (особено на полето на услугите) сè уште не се целосно отворени. Овие, заедно со понатамошната работа на економскиот и монетарен сојуз дополнително ќе ја придвижат ЕУ кон Европски домашен пазар.
Слободно движење на добра
Царински давачки и оданочување
Евроската Унија, исто така, е и царинска унија. Ова значи дека земјите-членки ги отстранија царинските бариери меѓу нив и воведоа заедничка царинска политика кон други држави. Целосната намера на давачките е ,, да обезбеди нормални услови на конкуренција и да ги отстрани сите ограничувања од фискална природа кои можат да го попречат слободното движење на добра во рамките на заедничкиот пазар ‘’ (предмет 27/67 Финк против Фрухт)Case 27/67 Fink-Frucht.
Преку договор меѓу Унијата и други засегнати држави, Андора, Монако, Сан Марино и Турција, и овие држави учестуваат во Царинската унија на ЕУ.
Царински давачки
Членот 30 од ТФЕУ им забранува на земјите-членки да ставаат данок и давачки на добра кои преминуваат граница, и за добрата произведени во ЕУ и за добрата произведени надвор од ЕУ. Штом едно добро ќе биде увезено во ЕУ од трета земја и ќе се платат соодветните царини, членот 29 од ТФЕУ вели дека оттогаш ќе се сметаат дека се во слободно движење меѓу земјите-членкиCase 7/68 Commission v Italy.
Ниту намената на давачката, ниту нејзиното име во домашниот закон, е релевантно. (предмет 7/68 Комисијата против Италија).
По Единствениот европски акт не постои систематска царинска контрола на границите на земјите-членки. Акцент се става на после увозната ревизиска контрола и анализа на ризикот. Физичката контрола на увозот и извозот сега се случува во трговски простории, отколку на територијалните граници.
Такси имаат ист ефект за царински давачки
Членот 30 од ТФЕУ забранува да имаат ист ефект не само царински давачки туку и таксите. Европскиот суд на правда го дефинира истиот ефект на такса во случајот 24/68 на Комисијата против Италија. Секој парична такса, колку и да е мала и која било да е нејзината назнака и нејзиниот начин на примена, кој е наметнат еднострано за домашни или странски добра со тоа што тие поминуваат граница, и која не е царинска давачка во потесна смисла, претставува такса со еднаков ефект... дури и ако не е наметната за корист на државата, не е дискриминаторна или со заштитнички став и ако производот врз кој таксата е наметнат не е во конкурентен однос со кој било домашен производ. (Случај 24/58 на Комисијата против Италија)
Таксата е царинска давачка доколку е пропорционална со вредноста на добрата. Доколку е пропорционална со квантитетот, се смета како такса која има ист ефект со царинска давачка (предмет 87/75 на Bresciani v Amministrazione Italiana delle Finanze- Брешиани против Италијанската администрација за финансии).
Постојат три исклучоци за забрана на такси наметнати врз добра кои преминуваат граница, подредени во предметот 18/87 на Комисијата против Германија. Таксата не е царинска давачка или мерка која има ист ефект доколку: Се однесува на општ систе на внатрешни чланарини кои се применуваат систематски во согласност со истите критериуми за домашните производи и таквите увозните производи (случај 132/78 на Денквит против Франција), Создава плаќање на услуги дадена на економски оператор во сума која е пропорционална на услугата (случај 158/82 на Комисијата против Данска), или Е предмет на одредени услови, доколку се припишува на инспекции спреведени за да ги исполната обврските наметнати од законот на Заедницата (случај 46/76 на Бови против Холандија).
Оданочување
Член 110 од ТФЕУ обезбедува: Ниедна земја-членка нема да наметнува, директно или индиректно, на производите од друга земја-членка какво било внатрешно оданочување како дополнение на она наметнато директно или индиректно на слични домашни производи.
Дополнително, ниедна земја-членка нема да наметнува врз производите од друга земја-членка какво било внатрешно оданочување од таква природа за да овозможи индиректна заштита на други производи.
Во предметот 323/87 на Комисијата против Италија (оданочување на рум), 1989 ЕЦР 2275.Во текстот на ЕСП се вели: Судот постојано велеше дека целта на член 90 ЕЗ [сега член 110], во целина, е да обезбеди слободно движење на добра, меѓу земјите-членки под нормални услови на конкурентност, со тоа што сите форми на заштита, кои можат да резултираат од примената на дискриминаторното внатрешно оданочување против производи од други земји-членки, ќе се отрстранат и дека ќе гарантираат апсолутна неутралност на внатрешното оданочување како што бара конкуренцијата меѓу домашните и увозните производи (провери ја пресудата од 9 јули 1987 во предметот 356/85 на Комисијата против Белгија- оданочување на вино и пиво), 1987 ЕЦР 3299.)
Квантитативни ограничувања и мерки кои имаат ист ефект
Како дополнение на забранувањето на царинските давачки и дискриминаторните такси, ТФЕУ во член 34 забранува квоти и ,,мерки кои имаат ист ефект’’. Но што се тоа мерки кои имаат ист ефект и како тие влијаат на трговијата меѓу земјите-членки? Договорот не дава одговор на овие прашања и Европскиот суд на правдата веќе неколку децении обезбедува детално толкување на член 34 како прецедентно право. Во едно добро позната серија на случаи кои започнуваат со случајот 8/74 на Дасонвил, продолжуваат со случајот 120/78 на Касис де Дижон и кулминираат со случајот 267/91 на Кек против Митуард, судот рече дека дискриминирачките или недискриминирачките правила на земјите-членки (оттаму не акции на приватните корпорации или поединци) кои ја попречуваат трговијата ќе се сметаат за нелегални.
Директни дискриминирачки правила
Директните дискриминирачки правила разликуваат меѓу националните добра и увезените добра во закон и во суштина. Забранаа на увози наметнати од држава А за добра од држава Б е директно дискриминирачки, но ограничувањата не мора да бидат во форма на забрани или квоти. Земја-членка може да води рекламни и промотивни кампањи што ги фаворизира домашните производи, или може да наметне повисоки цени или поригорозни услови (како здравствена инспекција) за увозните добра. Важен фактор за дискриминацијата е што домашните производи не се предмет на дополнителни тешкотии, и затоа имаат предност.
Индиректни дискриминирачки правила
Индиректните дискриминирачки правила кои ја попречуваат трговијата не се разликуваат во правото, туку во суштина. Со нив се наметнува поголеми обврски на увозниците поради дополнителна работа која треба да се заврши со цел производот да се пласира на пазарот. Иако, во правото правилата се применуваат еднакво за домашните производители и увозниците, во реалност обврските се врз увозниците, а домашните производители се согласуваат со правилата. Доколку, исто така, производот се наоѓа на пазарот во бројни земји-членки, извезувачот од земја А може да биде предмет на многу различни режими колку што постојат и држави во кои се увезува производот.
На пример, (замислен) закон во држава А е дека одредени алкохолни пијалаци не смеат да содржат повеќе од 20% алкохол. Производител од држава Б произведува и редовно извезува пијалаци кои содржат 25% алкохол. Законот во државата А се однесува на сите оние кои сакаат да го пласираат на пазарот алкохолни пијалаци, било да се од домашно производство или странско производство. Во тој поглед, тие не дискриминираат. Од друга страна, како резултат на нивното пристуство, законски пласиран пијалак од државата Б или треба да биде изменет и неговата содржина на алкохол да биде намалена на 20% алкохол или пак не смее да се продава на тој пазар. Законот на ЕУ, според ситуациите спомнати во претходниот параграф, забрануваат ваков вид на разграничување, односно иако законот изгледа се однесува еднакво кон сите страни, сепак во суштина ги фаворизира домашните производители.
Побарувања за производите и одредени договори за продажба