Русите се најбројниот словенски народ кој припаѓа на источнословенската група на народи и јазици. Русите бројат околу 140 000 000 луѓе и главно се населени во Русија (81% од населението), а има големи руски заедници во поранешните републики на СССР, Летонија каде сочинуваат 26% од населението) , Естонија (25% од населението), Казахстан (23% од населението), Украина (17% од населението), Белорусија (8% од населението), а во поново време се забележуваат и големи руски емигрантски заеднци во САД, Австралија и Канада.
Русите говорат на руски јазик кој е најзборуваниот словенски јазик и во огромно мнозинство се православни христијани.
Русите како мотив во уметноста и во популарната култура Во романот „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски пишува дека „Русите, воопшто, се широки луѓе... широки како нивната земја и необично се наклонети кон фантастичното и хаотичното...“Fjodor Dostojevski, Zločin i kazna. Beograd: Rad, 1975, стр. 533. Во расказот „Твор и Калинич“ од збирката „Записите на ловецот“, рускиот писател Иван Тургенев пишува: „Русот толку верува во својата сила, што не се штеди ниту себеси: тој малку се бави со своето минато и смело гледа напред. Што е добро — тоа му се допаѓа, што е паметно — тоа дај му го, а од каде доаѓа тоа — нему му е сеедно.“И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 19.
Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ, кога ги опишува особините на руските жени, за нив вели дека се само љубовници.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157. Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека Русите се наклонети кон претерување, гигантизам и вознесување над сите човечки мерки. Исто така, тој пишува дека гревовите на Русите се големи, зашто тие дрско се мешаат во божјата работа и сакаат да го спасат светот,Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011, стр. 172-173. како и дека Русите се по природа идеалисти дури и тогаш кога се приврзаници на материјалистичките доктрини.Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011, стр. 206.
Една песна на полскиот поет Збигњев Херберт се вика „Приказна за руските емигранти“.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 217-218.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 37-38.
Една песна од албумот „Сонот на сините желки“ на британскиот рок-музичар Стинг се вика „Русите“ (англиски: Russians).DISCOGS, Sting – The Dream Of The Blue Turtles (пристапено на 25.2.2024)
Наводи
* Категорија:Народи во Русија