Милош Красиќ (Српска кирилица:Милош Красић,се родил на година во Косовска Митровица,СФР Југославија) — српски професионален фудбалер кој игра за Фенербахче и српската репрезентација. Стил на игра Красиќ е десно крило или играч од средината на теренот кој игра по десна страна,забележлив по моќната техника на дриблање и брзината. Клупска кариера

Рани години Кога започна во клубот Фк Рудар Косовска Митровица од неговиот роден град,во 1999 година Војводина го забележа Красич и тој направи трампа северно на 14 годишна возраст.Тој следните четири и пол сезони ги помина во Нови Сад каде се усоврши и стана капитен на тимот. ЦСКА Москва Војводина и ЦСКА Москва преговараа за трансфер на Красиќ уште од јануари 2004, но зделката не успеа. Дури и тој оствари неколку неуспешни патувања во Москва. Конечно, за време на летото 2004 се комплетираше зделката и крилото тргна кон Русија. Тој одигра добро на три натпревари за време на победничката серија на клубот во УЕФА купот 2004-05, вклучувајќи го и одличниот настап во финалето. Тој исто така му помогна на клубот да ја освојат руската лига 2005 и 2006 година, рускиот куп во 2005, 06, 08 и 2009 и рускиот супер куп во 2006, 2007 и 2009 година.

Јувентус По долги шпекулации во летото 2010,Јувентус и ЦСКА Москва се договорија за трансфер на Красич,според кажувањата за сума од околу 15милиони евра.Официјално на 21ви август Красич стана играч на Јувентус и му го доделија дресот со број 27.Красич одигра главна улога во дебито на домашен терен против Сампдорија,при што асистираше гол и беше творец на голем број шанси.Натпреварот заврши 3-3.На неговиот втор меч,на гостински терен против Удинезе тој повторно се покажа како главен творец на победата од 4-0,со асистенции за гол до Кваљарела и Маркизио.Првиот гол за Јувентус Красич го постигна против Каљари на 26ти септември 2010 година со постигнување на хет-трик.Првиот гол за Маркизио на европска сцена тој го постигна против австрискиот тим Ред Бул Салцбург во групата А во Уефа Европе Лига 2010-11 носејќи му бод на Јувентус на меч кој заврши 1-1, по асистенција на Красич.На 26ти октомври 2010,тој доби забрана од два меча неиграње поради симулирање,и покрај тоа што доби пенал(кој подоцна беше промашен)за време на мечот од лигата против Болоња.Красич постигна гол во победата од 0-2 против Џенова откако Едуардо ја смести топката во својата мрежа во 18тата минута. На 12ти декември 2010,Красич постигна победоносен гол во последните секунди од мечот против Лацио кога неговиот обид се одби од Муслера и влезе во мрежата.Мечот заврши веднаш по постигнувањето на голот,а Јувентус победи со 2-1.Тој постигна сензационален гол против Бреша во победа од 2-1.

Фенербахче

На 3 август 2012 Красиќ го комплетираше својот трансфер во Фенербахче за сума од 7 милиони €.

Меѓународна кариера

Репрезентација до 21на година

Красич беше важен дел од составот на Србија и Црна Гора до 21 година на последните две ервопски првенства за играчи до 21на година,како и на олимписките игри летото 2004.Тој учествуваше во тимот што заврши втор во европското првенство до 21на година во Германија,но не одигра ниту еден натпревар.Два месеци подоцна беше дел од истиот состав,но на олимписките игри летото 2004.Во мај 2006,Красич играше главна улога за Србија и Црна Гора до 21на година во првенството 2006 година против Казахстан.Тој исто така играше и на мечот против Португалија на 28ми март на стадионот на Црвена Звезда во Белград.Натпреварот заврши нерешено 1-1.Красич беше важен дел од Фудбалската репрезентација на Србија во квалификациите за светското првенство 2010та.Постигна еден гол на мечот против Литванија,уште еден против Австрија и намести три гола против Романија со што Србија осигура пласман.

Титули

Јувентус Серија А: 2011/12

Категорија:Луѓе од Косовска Митровица Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Косовски Срби Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери во Серија А