Бадолен (познато и како Бадилен или поретко Баделен) — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
Името на селото се сретнувале низ документи и како Баделен или Бадиле. Името доаѓа од исчезнатото лично име Бадил, често на латиница запишува и како Бадел, Бадил, Бадол што може да се поврзе со значење на баде = „брат“, и суфиксот -ен што означува дол или рид. Како друго објаснување е дека името доаѓа од растението бадиљ или бадељ или пак од апелативот бадел со значење „чичка“, односно диво трнливо растение.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 620 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 35,5 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 6,8 километри.
До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од селото Ново Коњарево.
На патот за селото се наоѓа стара армиска караула „Бајково“, која го носи името на соседното село Бајково.
Историја
Во почетокот на XX век селото било во состав на Петричката околија и било поделено на Велики и Мали Бадилен.
Во 1971 година се случува масовно иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово.
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,9 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 1.001,4 хектари, на шумите отпаѓаат 886,2 хектари, а на обработливото земјиште 200,9 хектари.
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Бадилен е посочено како село во Петричката Каза кое имало 108 домаќинства со 405 жители христијани,„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149. додека истовремено е посочено и како Баделе во Струмичката Каза кое имало 20 домаќинства со 75 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бадолен живееле 750 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бадолен имало 856 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 186-187.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.
Бадилен е второ најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово.
Селото е зафатено со голема емиграција на населението, па затоа бројот на населението се намалил од 413 жители во 1961 година, на само двајца жители во 1994 година.
Според пописот од 2002 година, селото Бадолен броело 3 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во век, Бадолен било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Бадолен, се наоѓале и селата Барбарево, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Бајково во која влегувале селата Бадолен, Бајково и Ново Коњарево.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата на селото Бајково.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
Редовни настани
Слави Голема Богородица (28 август) — црковна слава која што се прославува со црковно-народен собор на 29 август, кога доаѓаат бадиленците кои живеат во Ново Коњарево и Самоилово; и На 6 мај е селската слава, кога бадиленци повторно доаѓаат во селото и „колат курбан“.
Личности
Родени во или по потекло од Бадолен Трендафил Ивановски (р. 1946) — македонски правник и уставен судија.
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Профил на Бадолен (Бадилен) на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село