Зубово — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Влезот во селото

Се смета дека селото го добило името според неговата местоположба, бидејќи површината што ја зафаќа има облик на заб (на српски јазик „зуб“).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на југоисточниот рамничарски дел на Струмичкото Поле, од десната страна на реката Струмица, недалеку од патот Струмица-Ново Село. Селото е сместено во западниот дел на подрачјето на Општина Ново Село. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 207 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалеченo 19 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се издвојува од магистралниот пат А4 изминувајќи го влезот за селото Сушица.

Тоа се наоѓа во непосредна близина на местото каде реката Водочница се влева во реката Струмица.

Историја

Селото трипати ја менувало својата местоположба: најпрвин се наоѓало во месноста Колибите, потоа во месноста Барите и најпосле во месноста Двата Потока.

Зубово првпат се среќава во повелбите на повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш во струмичката област од 1332 и 1378 година.Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.

Во 1913 година, селото било запалено од гркоманското население. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија.

Бидејќи жителите биле под грчката црква, а селото влегло во составот на Царството Бугарија, тие заминале кон териториите под контрола на Грција и се населиле во селота Сурлово, дојранско и Беглериево, кукушко. Најголем дел од овие семејства подоцна се враќаат во Зубово, но некои останале.

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,1 километар квадратен. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 340,1 хектар, а пасиштата отпаѓаат 20,4 хектари, додека шумско земјиште нема.

Во основа, селото има полјоделска функција. Во минатото во селото работела земјоделска задруга и има продавници.

Во отоманскиот период, селото било турски чифлиг, а подоцна било продадено на семејството Караманолци.

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Забово е наведено како село со 60 домаќинства и 215 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Забово живееле 390 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 496 македонски патријаршисти под врховенството на Грчката патријаршија и функционирало грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Селото е средно по големина. Во 1961 година, тоа броело 580 жители, а во 1994 година 694 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото Зубово броело 648 жители, од кои 646 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 447 жители, од кои 428 Македонци и 19 лица без податоци.

Општествени установи

ПУ „Мануш Турновски“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Мануш Турновски“ - Ново Село, изградено во 1948 година Амбуланта Дом на пензионери (поранешен Дом на културата) Месна заедница

Самоуправа и политика

Во век, Зубово било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Зубово, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Бајково, Дражево, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Ново Село во која влегувале селата Зубово, Ново Село и Сушица.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1792 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 637 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 632 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Могила — могила од римското време.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1852 година.

Реки Струмица — река во близина на селото.

Галерија

Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле

Наводи

Надворешни врски

Профил на Зубово на општинскиот портал

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село