Самоилово — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Поглед од падините на Беласица на селото Самоилово во подножјето на планината Огражден
Селото го добило името според Цар Самоил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка на 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самоил и византиската на Василиј II.Димка Митева. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26 и 46.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле и во средишниот дел на територијата на Општина Ново Село. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 220 метри.
Покрај селото поминува државниот пат А4, кој завршува кај граничниот премин Ново Село со Бугарија, а до селото води локален асфалтен пат.
Самоилово се наоѓа во подножјето на планината Огражден, а од најблискиот град Струмица е оддалечен 25 километри.
Историја
Самоилово е најмлада населба во Струмичкиот регион, основана во 1971 година од жителите на соседните села Бадолен (70%) и Бајково (30%).
Први жители и основачи на селото во 1971 година биле Костадин Митрев и Стојан Василев.
Селското училиште започнало со работа во 1973 година, а новата училишна зграда потекнува од 1986 година.
Стопанство
За селото нема аграрни податоци, односно не била водена катастарска евиденција до 2000-тите години.
Во минатото, во селото работела земјоделска задруга, а денес работи продавница.
Население
Според податоците од 1981 година, селото броело 281 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 370 жители, населено со македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Самоилово броело 348 жители, од кои 345 Македонци, 2 Срби и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 218 Македонци, 1 Србин и 16 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште
ПУ „Мануш Турновски“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Мануш Турновски“ - Ново Село Дом на културата
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1971 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1790 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на дом на културата.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 302 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 299 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, изградена во 1996 година.
Реки Василица — мала река, лева притока на Струмица.
Редовни настани
Слави Голема Богородица (28 август) — селска слава.
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Профил на Самоилово на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Појавено во 1971 година во Македонија Категорија:Појавено во 1971 година во Југославија