Назир бин Олу Дара Џонс (роден на ) кој настапува под псевдонимот Нас, претходно познат како Насти (Валканиот) Нас, е американски рапер и глумец. Син на џез музичарот Олу Дара, тој е роден и израснат во Квинс, Њујорк. Неговиот деби албум “Illmatic”, издаден во 1994 година под потписот на Колумбија Рекордс, беше прифатен од критичарите и пошироко познат како класика во жанр. Нас беше дел од хип-хоп групата Да Фирм, со која издаде еден албум.

Од 2001 до 2005 година, Нас беше дел од широкопознатата расправија со раперот Џеј- Зи, двајцата рапери вербално се напаѓаа еден со друг во нивните песни. Тие двајца официјално го завршија своето соперништво со заедничките дуети на концертите спонзорирани од хип-хоп радио станиците во Њујорк. Во 2006 потпишува договор со Деф Џем, издавајќи ги своите следни албуми “Hip Hop is dead” во 2006 и неименуваниот албум во 2008та година. Во 2010 тој објавува колаборациски албум со Демиан Марли, и планира да го издаде десеттиот соло студио албум пред летото во 2011 година.

Раниот живот Нас е роден под името Назир бин Олу Дара Џонс во областа Краун Хаитс, Бруклин во градот Њујорк. Неговиот татко Олу Дара бил џез и блуз музичар од Мисисипи. Неговата мајка, Фани Анн Џонс била работник во поштенската служба. Има брат Јабари Фрет кој ја презема “Џунглата”. Додека тој и неговата фамилија живееле во Краун Хаитс, Бруклин, Нас свирел на труба на скалите од неговата куќа на само 4 годишна возраст. Неговата фамилија се преселува во Квинс во доцните -70-ти. Нас почнува со пишување на рими на возраст од 9 години. Неговиот сосед Вили “III Вил” Грам, кој влијаел за зголемување на интересот за хип-хоп музиката со тоа што му ги пуштал своите снимки. Родителите на Нас се развеле во 1985 година, а тој се откажува од училиште во осмо одделение. Се образова сам за Африканската култура преку организацијата “Пет проценти нација”, Библијата и Куранот.

1989 - 1992 Почетоците на кариерата Како тинејџер, Нас го повикува својот најдобар другар и сосед Вили “III Вил” Грам да му биде Ди-џеј. Нас прво беше познат под прекарот Кид Вејв пред да го земе сега познатиот псевдоним Насти Нас. Во доцните 80-ти, тој се запозна со продуцентот “Големиот Професор” во неговото студио каде Раким и Кул Џи Рап ги снимале своите албуми. Кога тие не биле во студиото, Нас ќе влезел во кабината и го снимал неговиот материјал. Како и да е, ништо од тоа не било објавено. Во 1991та, Нас настапуваше во живо во Барбикју. Во средината на 1992та година, на Нас му пристапува Емси Срџ од “Третиот бас” Кој подоцна му стана менаџер и му обезбеди на нас договор со Колумбија Рекордс истата година. Потоа го издава својот деби албум под псевдонимот Насти (Валканиот) Нас со песната “Halftime”,од саундтракот на Срџ наменета за филмот “Глава на Зебра”. Именувам како новиот Раким, неговите способности за римување привлече значајно внимание во рамките на хип-хоп заедниците.

1993 – 1994 Албумот Illmatic Во 1994, деби албумот на Нас, “Illmatic” беше конечно објавен. Беше пофален со наградата “Five Mics” од Да Сорс. Овој албум беше под продукција на “Големиот Професор”, Пит Рок, Ку-Тип, Л.Е.С и Ди-џеј Премиер а како гости во неговиот албум се појавуваат неговиот пријател Аз и неговиот татко Олу Дара. Овој албум изфрли повеќе синглови, вклучувајќи ги "The World Is Yours", "It Ain't Hard to Tell", и "One Love". Шаем Рајд водителот на Емтиви Вести го нарече Illmatic “првата класична грамафонска плоча ” во 1994 година. Нас ја изведе песната "One on One" која беше наменета за филмот “Уличен борач”. Во 1995 Нас настапуваше како гостин во албумите Doe or Die на Аз, The Infamous на Моб Дип, Only Built 4 Cuban Linx на Раеквон and 4,5,6 на Кул Џи Рап.

Стив Хјуи од Олмјузик ги опиша текстовите од албумот Illmatic како високо литературни а неговото рапување тече беспрекорно без оглед на големината на неговиот вокабулар. Според текстовите, Нас е забележан како човек кој е способен да ја пробуди голата реалност на гето животот без да ја изгуби или заборави надежта за добрите времиња. Хјуи ја опишува песната "One Love" од албумот Illmatic како детален извештај до близок пријател во затвор за тоа како преданоста(верноста) во рамките на нивната група се менува. Разгледувајќи го вториот албум на Нас “It Was Written”, Лео Стенли од Олмјузик веруваше дека римите не се толку комплексни како тие во Illmatic но сепак се движат и успеваат да раскажат доследни приказни исто така. Аbout.com го рангираше Illmatic како најдобриот хип-хоп албум на сите времиња, а Префикс магазинот го објави како најдобриот хип-хоп запис кој некогаш бил направен.

1996-1997 Албумот It was Written и групата The Firm Колумбија Рекордс почнува да го притиска Нас да работи на повеќе комерцијални наслови, како тие на The Notorious B.I.G., кој стана познат поради објавувањето на улични песни кои го задржале поп елементот во нив. Нас го смени својот менаџер Емси Срч со Стив Стут и почна да се подготвува за неговата втора грамафонска плоча, It was written, свесно работејќи на ориенталниот звук. It was written продуциран под капата на Тон и Поук оф Тракмастерс, беше објавен во летото 1996 година. Две песни “If I Ruled The World” (придружувајќи го Лорен Хил од Да Фуџис) и “Street Dreams”, вклучувајќи го и ремиксот со Р.Кели станаа веднаш хитови. Овие песни беа промовирани со високобуџетни видео записи, режирани од Хајп Вилијамс, правејќи го Нас често име во хип-хоп културата. Се создава нова група The Firm, која се состои од Нас, Аз, Фокси Браун и Кормега. Албумот се базираше на гангстерската личност во Нас. A од друга страна, Illmatic, кои имаше бројни препораки за протагонистот на Скарфејс (Лице со лузна) Тони Монтана, беше повеќе за неговиот живот како тинејџер во проектите.

Обврзани кон продукцијата на Д-р Дре, Афтерматх Ентертејмент, The Firm почнаа да работат на нивниот деби албум. На половина пат од завршувањето на албумот, Кормега беше отпуштен од групата од страна на менаџерот Стив Стут, кој неуспешно сакал да го убеди Кормега да потпише договор со неговата менаџерска продукција. Алекс Тројано беше назначен за прв менаџер на групата The Firm. Кормега станува еден од најголемите вокални соперници на Нас и објавува голем број на андерграунд хип-хоп песни навредувајќи ги Нас, Стут и Нејџр (кој станува четврт член на групата, на местото на Кормега). Нас, Фокси Браун, Аз и Нејџр го претставија конечно нивниот нов албум : The Album во 1997 година. Албумот не ја достигна очекуваната продажба, иако беше најавен како платински албум и членовите ја напуштија групата за да одат секој по свој пат.

За време на овој период, Нас беше еден од петте рапери (помеѓу имиња како Би-Риал, Д-рДре, КРС-Уан и РБКС) во хип-хоп супер групата “Груп Терапи” кој пееше во песната "East Coast/West Coast Killas" од Д-рДре Презентс да Афтерметх. Во 1998, Нас беше ко-писател во филмот на Хајп Вилијамс од 1998та наречен “Belly”.

1997-1999 : Албумите I am и Nostradamus Во доцната 1997 година, Нас почна да го работи дуплиот албум именуван како I Am … The Autobiography, овој албум го направи како една средина помеѓу првиот албум Illmatic и вториот албум It was written со секоја песна детално опишувајќи некој дел од својот живот. Албумот беше завршен во раната 1999 година, а видео запис беше сниман за водечката песна на албумот “Nas is like”. Беше продуциран од Ди- џеј Премиер и содржеше вокални исечоци од “It aint hard to tell”. Музичкиот критичар M.Ф. ДиБела забележал дека Нас вмешал “политика, раса и религија од неговата уникатна перспектива” во неговиот албум покрај афтобиогравските текстови. Повеќе песни од грамафонската плоча биле префрлени на МП3 формат и на Интернет, Нас и Стут наскоро снимиле доволно материјал за да објават самостоен албум.

Вториот синг од албумот беше Hate me Now, со Sean P.Diddy Combs, кој беше споменат од критичарите на Нас како негов премин од андерграунд звук во комерцијала. Видео записот вклучуваше сцени каде Нас и Комс беа распнати како Исус, а од кога видеото беше завршено Комбс побарал да биде избришана неговата сцена на распнување. Но сепак, копија од спотот “Hate me Now” се најде на Емтиви. После само неколку минути откако се случи премиерата на спотот, Комбс и неговите телохранители наводно влегле во канцеларијата на Стив Стут и го навредувале, кога ве еден момент Стут добил шампањ по главата. Стут подигна тужба, но во јуни тој и Комбс се договориле надвор од судот.

Колумбија Рекордс имаше во план да го издаде пиратскиот материјал од албумот I Am.. под името Nostradamus во доцната 1999 година, но во последен момент, Нас одлучи да сними еден цел нов албум за објавувањето на албумот Nostradamus. За албумот Nostradamus се брзаше да се издаде во ноември. Иако критиките за албумот не беа добри, Нас доби добар резултат во не толку големиот хит, “You owe me”. Беше продуциран од Тимберланд во соработка со р’н’б пејачот Џинувајн. Единствената пиратска песна која од албумот I am успеа да се најде на албумот Nostradamus бече песната “The projetct windows” заедно со пејачот Роналд Ајсли. Други пиратски песни се најдоа во “The lost tapes”, колекција од андерграунд песни на Нас, кои беа објавени од Колумбија Рекордс во септември во 2002 година. Колекцијата достигна пристоен тираж и многу добри критики.

2000: Албумот QB Finest Во 2000, QB Finest беше објавен од продукцијата на Нас (“III Will Recors”). QB Finest е комприлациски албум кој Нас го сработи со помош на познати рапери од Квинс, вклучувајќи ги Мобб Дип, Нејџр, Капоне, да Бреивхартс, Траџеди Кадафи, Милениум Таг и Кормега (кој пред кратко време се помирил со Нас). Во албумот исто така се појавуваат како гости и хип-хоп легендите Роксан Шанте, Емси Шан и Мерли Марл. Шан и Мерли, и двајцата се појавуваат во водечката песна “Da Bridge 2001” која беше заснована на изведбата на Шан и Марл во 1986 година под наслов “The Bridge”.

2001: Албумот Stillmatic и кавгата со Џеј-Зи По неколкуте потсвесни критики во повеќе песни, фристајлови и миксови, високо публицирано соперништво меѓу Нас и Џеј-Зи стана широко позната на јавноста во 2001 година. Џеј-Зи во неговата песна “Takeover” го критикува Нас, нарекувајќи го “фолирант” а неговата кариера “бедна”. Нас му врати со песната “Ether” во која го споредува Џеј-Зи со ликови како Џеј Џеј Еванс од комедијата “Добри времиња” и маскотата на тутунската компанија Џо Камел. Оваа песна беше дел од петтиот студиски албум, Stillmatic на Нас, издаден во декември 2001та година. Stillmatic котираше петти на Билборд списокот на албуми, вклучувајќи ги песните"Got Ur Self A..." и "One Mic".

Како одговор на “Ether”, Џеј-Зи ја објави песната “Supa Ugly”, која водителот Анџи Мартинес на радиото Hot 97 премиерно ја пушти во етер на 11ти Декември, 2001та година. Во оваа песна, Џеј-Зи експлицитно се фалел дека имал афера со девојката на Нас, Кармен Брајан. Њу Јоршкото радио Hot 97 направи анкета прашувајќи ги слушателите кој рапер направил понавредлива песна, Нас со 52 % го победил Џеј-ЗИ кој имал 48% од гласовите.

До Октомври 2005 година, двајцата рапери конечно ставија крај на кавгата без насилство и злоба. За време на концертот на Џеј-Зи I Declare War — Power House, и најави на публиката “Ова е поголемо од I Declare War. Ајде, Еско!”, Нас му се придружил на Џеј-Зи на сцената и заедно ја извеле песната “Dead Presidents”, која Џеј-Зи ја напишал по примерот на песната на Нас “The World is Yours”. Двајцата исто така соработувале на песната “Black Republican” која подоцна се најде на новиот албум на Нас, “Hip hop is dead”. Уште една нивна соработка е на песната под наслов “Success” од албумот “American Gangster” na Џеј-Зи.

2002-2005 : Албумите God’s Son и Street Disciple