Двокамшичните или биконти (науч. Bikonta) се еукариотски клетки со две камшичиња. Ова е оддел на еукариотите.
Ензими Друга одлика на двокамшичните е спојувањето на два гена во една единица: гените за тимидилатсинтаза (TS) и дихидрофолатредутаза (DHFR) кои шифрираат една белковина со две намени.
Гените засебно се преведуваат во еднокамшични.
Сродство Некои испитувања укажуваат на тоа дека еднокамшичните (еукариотна клетка со едно камшиче) се предци на заднокамшичните (Животни, Габи и сродни облици) и Амебозоите, а дека двокамшичните се предци на Архаепластидите (Растенијата и сродните организми), Екскаватите, Ризариите и Хромалвеолатите. Кавалиер-Смит смета дека Безножните, кои најчесто се сметаат за incertae sedis, се всушност двокамшични.
Сродството помеѓу двокамшичните сè уште е недоволно истражено. Кавалиер-Смит ги групира Екскаватите и Ризариите во Кабозоите, а Архаепластидите и Хромалвеолатите во Кортикатите, но барем едно друго испитување укажува на тоа дека Ризариите и Хромалвеолатите сочинуваат клад.
Поврзано Еднокамшични Разнокамшични
Наводи
Литература
Еукариоти - „Дрво на животот“
Категорија:Еукариоти Категорија:Протисти