Мокриево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Селото е скоро целосно споено со соседните Борисово и Мокрино.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Поглед на селото
Постојат две верзии за потеклото на името Мокриево. Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи „големо“ или „долго“, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење „место богато со вода“.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на Струмичкото Поле, чиј атар се издига до северниот срт на планината Беласица, каде што се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е сместено во југозападниот дел на подрачјето на Општина Ново Село. Селото е големо и ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 33 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 1402.
Селото е сместено во подножјето на планината Беласица и е скоро целосно споено со соседните села Борисово и Мокрино.
Историја
мини|300п|десно|Кулата Пирго потекнува од времето на Беласичката битка
Над селото се наоѓа разурната кула, која народот ја нарекува Пирго, сметајќи дека потекнува од времето на Цар Самуил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Поради тоа, секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори (еден од јаворите неодамна бил исечен) од времето на битката.
Селото првпат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон“.
Во 1870 година било основано првото училиште во селото. Во почетокот на XX век, постоеле две училишта: патријаршиско (грчко) и егзархиско (бугарско).
Бидејќи дел од жителите биле под грчката црква, а селото влегло во составот на Царството Бугарија, тие заминале кон териториите под контрола на Грција и се населиле во селата Рошлово, Рајаново и Кушево, кукушко. Најголем дел од овие семејства подоцна се враќаат во Мокриево, но некои останале.
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 21,6 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 1.257 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 678 хектари, а на пасиштата 145 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела земјоделска задруга, а денес има продавници и услужни објекти.
Население
Во почетокот на XX век, селото било со мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Макриево е наведено како село со 60 домаќинства и 198 жители Македонци и 36 Турци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мокриево живееле 1.880 жители, од кои 980 Турци и 900 Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци, патријаршистиD.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107 и функционирало грчко училиште.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 450 Турци.
Мокриево е големо село, со незначително промена на бројот на населението до 2000-ти години. Така, селото во 1961 година броело 1.381 жител, од кои 1.281 биле Македонци, 92 Турци и 6 жители Срби, а во 1994 година 1.324 жители, од кои 1.317 биле Македонци, тројца Срби и четири жители останати.
Според пописот од 2002 година, селото Мокриево броело 1.211 жители, од кои 1.204 Македонци, 3 Срби и 4 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 678 жители, од кои 625 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 51 лице без податоци.
Општествени установи
ПУ „Видое Подгорец“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Видое Подгорец“ - Колешино Амбуланта Пошта (2435) Дом на културата Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Мокриево било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Мокриево, во која покрај селото Мокриево, се наоѓале и селата Борисово, Габрово, Колешино и Мокрино. Во периодот 1950-1952, исто така постоела Општина Мокриево во која влегувале селата Борисово и Мокриево.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1774 и 1775 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.167 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.165 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Археолошки наоѓалишта Св. Илија — старохристијанска црква, која била откриена кон крајот на век, како и голема камена плоча на старословенски јазик, но била уништена.
Цркви Црква „Св. Пантелејмон“ — главна селска црква, изградена во 1870 година.
Редовни настани
Слави Свети Пантелејмон (9 август) — селска и црковна слава; и Страчинарски игри (13 и 14 јануари) — василичарски карневал.
Личности
Родени во или по потекло од Мокриево Зуица Мирчева Георгиева (р. 1921) — учесник во НОВ на Македонија; и Атанас Јанев (1976-2001) — бранител на Македонија во 2001 година.
Починати во Мокриево Панделис Папајоану (?-1907) — грчки андартски капетан.
Култура и спорт
Селото има и свој фудбалски клуб со име „Подгор“.
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Подгорје
Наводи
Надворешни врски
Профил на Мокриево на општинскиот портал Страчинарски игри
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Беласица