thumb|right|200px|Споменикот на човештвото. thumb|200px|right|Кампери одат кон Маркаваси. thumb|200px|right|Амфитеатарот. Маркаваси (MarkawasiСпоред кечуанска/ајмарска транскрипција.) или Маркауаси (MarcahuasiСпоред шпанска транскрипција. На македонски може да се сретне и како Маркахуаси) е плато на Андите кое се наоѓа источно од Лима во Перу. Платото се наоѓа на околу 4.000 метри надморска височина, над селото Сан Педро де Каста. Местото е познато по камените фигури кои се распространети низ целото плато и воедно е туристичка атракција во регионот.

Опис Платото е од вулканско потекло и е долго четири километри на надморска височина од 4.000 метри. Платото се наоѓа источно од Лима, главниот град на Перу, и во него се наоѓаат карпести гранитни формации кои имаат различни форми и облици. Денес постојат повеќе теории за потеклото на карпите. Најзастапена теорија е таа дека тие се создадени по природен пат, преку ерозија. Така, во месноста можат да се сретнат карпи налик на орел, фараон, коњ, јавач, Инка, Маја и познатиот Споменик на човештвото, меѓу останатите.

Наоѓалиштето за првпат е откриено и претставено на перуанската и светската јавност од д-р Даниел Рузо (1900-1991) во 1950-те години. Тој поминал долг период на платото и за него издал книга и публикации. Според Рузо, наоѓалиштето билао создадено од старата цивилизација Мазма. Оваа цивилизација опстојувала пред 10.000 години и имале развиена технологија чии резултати можеле да се видат на различни места во светот како што се Велигденскиот Остров, Романија, Мексико, Франција и Бразил. Оваа теорија не е во согласност со општоприфатената теоријата за настанокот на човекот.

Поради големата изолираност на платото, посетителите носат сè што е потребно за поминување на планираното време во Маркаваси. Сета опрема се носи рачно, со магариња или со коњи од Сан Педро де Каста. Најпознато место на камперите е големата дупка позната како „амфитеатар“.

Форми Наоѓалиштето изобилува со поголем број облици, меѓу кои се:

споменик на човештвото печурката пророкот сфингите гулабот алхемичарот фоките амфитеатарот тврдината желката божицата Туерис и богот крокодил камилата коњот Мајанецот и Инката

Наводи

Wiki Sumaq Peru Video de Markahuasi Articulo sobre Marcahuasi y sus misterios López Mazzotti, Daniel (2001). A mochila en Perú. Exploradores peruanos.

Поврзано Перу Лима Анди

Надворешни врски Маркаваси емисија на UFO TV.

Категорија:Висорамнини на Андите Категорија:Знаменитости во Перу Категорија:Геоморфологија