Нивичино — раселено село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Денес е раселено и од него остануваат мошне малку градби.

Географија и местоположба Селото се наоѓа северно од Струмица, на планината Готен.

Во рамките на селскиот атар на Нивичино се наоѓаат следниве топоними: Ѓурѓевите Валти, Јазовите Дупки, Јанев Преслап, Јованова Ридина, Јуручка Ридина, Јуручки Преслап, Љута Могила, Ќора Магирски Чукар, Азмак, Балтако, Барутови Горници, Безгашево, Белиот Камен, Бело Слеме, Бечкови Трла, Боѓова Глава, Бобишта, Богданов Рид, Борај, Брдаревец, Брестов Кладенец, Брестова Ридина, Брестово Брдо, Булучето, Вкова Полена, Војво Рид, Велкови Ниви, Виорит, Воден Камен, Волозите, Врбата, Врлата Страна, Вртен Камен, Габрачка Чукара, Говедарник, Голем Осој, Грамада, Дабова Ридина, Дебела Папра, Дедова Страга, Дзијот Рид, Долга Нива, Драгомирец, Друмот, Езеро, Елезов Чукар, Еленска Скала, Железен Дол, Зимовник, Змачка Ридина, Каљата, Камено Брдо, Каменска Чука, Кетлови Скали, Комарова Дупка, Кондејчица, Коритцата, Кочините, Крушје, Крушата, Куклата, Кучов Рид, Лешката, Мал Гарван, Малицата, Марин Крст, Миндалов Чукар, Миндалот, Мртвако, Муралија, Огорелица, Орешје, Орлов Камен, Орница, Пандурски Кладенец, Партизанска Валта, Пашкулица, Пашкулов Волок, Песоците, Пилева Ридина, Плоскачо, Плочите, Попова Ширина, Преслапот, Присој, Прчината, Рајански Гробишта, Рајанци, Раздолот, Рамната Ридина, Рамначина, Раскрсница, Решково Гумно, Рждата, Садачка Ридина, Само Дабче, Светили Дабје, Селиште, Село, Слезов Чукар, Стари Трли, Старите Лозја, Три Камена, Трнаците, Трнка, Трската, Церот, Црвеника, Црквени Скали, Црквичката, Црквиште, Црните Трња, Ченицата, Чешмичката, Чуката, Шајак, Шиндевица, Шипков Рид, Шипок, Штулевец, Шумаците.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивичин (Nivitchine) е село сп 35 домаќинства сочинети од 124 Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Нивичено има 165 жители, сите Македонци христијани.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Нивичино имало 224 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. pp. 106-107

Во селото и неговата околина дејствувала Нивичанската чета предводена од револуционерот Атанас Цонев. Освен против отоманските власти, таа се борела и против врховистите кои минувале низ селото. Попозната акција во која учествувала четата е аферата „Мис Стон“.Костадин Кајдамов, „Илинденски настани во Струмичко“, Скопје, 2003.

Стопанство

Демографија Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Од 1994 година, селото е наполно раселено и нема жители. Најголем број на население било забележано во 1953 година, за понатаму да почне постепено да опаѓа. На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години: Година19001905194819531961197119811991199420022021Население165224353380341302615———

Родови Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

Староседелци: Николовци со Пецовци, Василевци, Аврамовци, Витановци, Рујковци и Стоиловци (15 к.), Цоневци (5 к.), Масларци со Костадиновци (7 к.), Цековци со Јовановци, Трајановци и Димитријевци (5 к.) Доселеници: Гоцевци (4 к.), Малиновци (3 к.) и Ристовци (2 к.) доселени се во 1913 година од раселеното село Рајанци, се наоѓало помеѓу Струмичко и Радовишко.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Висока Маала.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Илија“ од XIX век

Редовни настани

Личности Атанас Цонев - Нивички (1857 - по 1943) — македонски револуционер Димитар Нивичанов или Нивичански ( 1896 - по 1975) — офицер во Бугарија, активен во македонската емиграција во Бугарија

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Селото на војводата Атанас Цонев-Брадата Нивичино, ја чува тајната за последните денови од заложништвото на Мис Стон, Дрнка.мк, 24 мај 2020 г.

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Василево

Категорија:Раселени села во Македонија