Робин Бо Карл Седерлинг (; роден на 14 август 1984 г.) е моментално неактивен тенисер од Шведска. Тој е поранешен светски бр. 4 на АТП листата. Содерлинг играл во две последователни финалиња на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010."Greatest Upsets in Sports History" sportsillustrated.cnn.com. Посетено на 5 June 2009 Тој во кариерата освоил 10 АТП титули, од кои една АТП Мастерс титула, на Мастерсот во Париз во 2010 година.

Седерлинг ѝ станал познат на пошироката јавност на Отвореното првенство на Франција 2009, кога станал првиот и единствениот играч кој го победил Рафаел Надал на турнирот сè до 2015, кога истото го сторил и Новак Ѓоковиќ.Nadal toppled from French throne - ABC News (Australian Broadcasting Corporation) Од својот прв настап на турнирот во 2005, Надал немал загубено ниту еден натпревар и бил четирикратен шампион. Седерлинг потоа стигнал до финалето, победувајќи го двократниот полуфиналист Николај Давиденко во четвртфиналето и Фернандо Гонсалес во пет сета во полуфиналето. Во своето прво Гренд слем финале, тој загубил од Роџер Федерер, кој успеал да го освои единствениот Гренд слем кој му недостасува.Federer proves he's the greatest - ABC News (Australian Broadcasting Corporation) Следната година, тој вторпат последователно стигнал до финалето на турнирот. Тој забележал победа над Федерер во четвртфиналето (завршувајќи ја неговата рекордна серија од 23 последователни Гренд слем полуфиналиња). Во полуфиналето, Седерлинг во пет сета бил подобар од Томаш Бердих, но во финалето тој бил повторно поразен, овојпат од Рафаел Надал.Nadal regains French Open crown - ABC News (Australian Broadcasting Corporation)

Поради повреди и болести, Седерлинг се нема натпреварувано од јули 2011. Тој е директор на турнирот во Стокхолм, а исто така започнал и свој бренд на тениски топчиња.

Личен живот Седерлинг зборува шведски, англиски, и помалку германски јазик. Неговиот татко Бо е адвокат, а неговата мајка Брит-Ингер е домаќинка. Сестрата на Седерлинг, Сандра, е учителка. Тој е оженет со Јени Монстром. Двојката своето прво дете, ќерката Оливија, ја добиле на 12 октомври 2012 година.Robin Söderling @RSoderling (Twitter)

Јуниор Седерлинг започнал да игра тенис на 5-годишна возраст. Во ноември 1998 година, на 14-годишна возраст, тој го одиграл својот прв јуниорски натпревар. Во 2000 година, тој победил на четири јуниорски турнири, а следната година освоил уште три титули, вклучувајќи ја победата на турнирот Оринџ Бол. Тој ја завршил 2001 година како четврти јуниор во светот и истата година заиграл на АТП турнирот во Стокхолм, каде на својот прв АТП натпревар забележал победа над Рамон Делгадо.

Како јуниор, Седерлинг остварил вкупен резултат од 110 победи и 31 пораз во поединечна конкуренција, и во 2002 година се искачил на 2. место на светската јуниорска ранг листа. Тој исто така бил 11 јуниор во светот во двојки.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: 3. коло (2011) Отворено првенство на Франција: 3. коло (2002) Вимблдон: 2. коло (2001) Отворено првенство на САД: Полуфинале (2002)

Големи финалиња Гренд слем финалиња Поединечно: 2 (0–2) ИсходГодинаГренд слемПодлогаПротивникРезултатФиналист2009Отворено првенство на ФранцијаЗемја Роџер Федерер1–6, 6–7(1–7), 4–6Финалист2010Отворено првенство на Франција (2)Земја Рафаел Надал4–6, 2–6, 4–6

АТП Мастерс финалиња Поединечно: 1 (1–0) ИсходГодинаМастерсПодлогаПротивникРезултатПобедник2010Париз МастерсТврда Гаел Монфис6–1, 7–6(7–1)

АТП финалиња во кариеарата Поединечно: 20 (10–10) Легенда Гренд слем (0–2)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (1–0)АТП 500 серија (2–4)АТП 250 серија (7–4)Титули по подлогаТврда (5–6)Трева (0–0)Земја (2–4)Тепих (3–0) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатФиналист1.20 октомври 2003Стокхолм, ШведскаТврда Марди Фиш5–7, 6–3, 6–7(4–7)Финалист2.23 февруари 2004Марсеј, ФранцијаТврда Доминик Хрбати6–4, 4–6, 4–6Победник1.4 октомври 2004Лион, Франција (1)Тепих Ксавие Малис6–2, 3–6, 6–4Победник2.31 јануари 2005Милано, ИталијаТепих Радек Штепанек6–3, 6–7(2–7), 7–6(7–5)Финалист3.20 февруари 2006Мемфис, САДТврда Томи Хас3–6, 2–6Финалист4.18 февруари 2008Ротердам, ХоландијаТврда Микаел Лодра7–6(7–3), 3–6, 6–7(4–7)Финалист5.25 февруари 2008Мемфис, САДТврда Стив Дарсис3–6, 6–7(5–7)Финалист6.6 октомври 2008Стокхолм, ШведскаТврда Давид Налбандијан2–6, 7–5, 3–6Победник3.26 октомври 2008Лион, Франција (2)Тепих Жулијен Бенето6–3, 6–7(5–7), 6–1Финалист7.7 јуни 2009Отворено првенство на ФранцијаЗемја Роџер Федерер1–6, 6–7(1–7), 4–6Победник4.19 јули 2009Баштад, ШведскаЗемја Хуан Монако6–3, 7–6(7–4)Победник5.14 февруари 2010Ротердам, Холандија (1)Тврда Михаил Јужни6–4, 2–0 ret.Финалист8.25 април 2010Барселона, ШпанијаЗемја Фернандо Вердаско3–6, 6–4, 3–6Финалист9.6 јуни 2010Отворено првенство на Франција (2)Земја Рафаел Надал4–6, 2–6, 4–6Финалист10.18 јули 2010Баштад, ШведскаЗемја Николас Алмагро5–7, 6–3, 2–6Победник6.14 ноември 2010Париз, ФранцијаТврда Гаел Монфис6–1, 7–6(7–1)Победник7.9 јануари 2011Бризбејн, АвстралијаТврда Енди Родик6–3, 7–5Победник8.13 февруари 2011Ротердам, Холандија (2)Тврда Жо-Вилфрид Цонга6–3, 3–6, 6–3Победник9.20 февруари 2011Марсеј, ФранцијаТврда Марин Чилиќ6–7(8–10), 6–3, 6–3Победник10.17 јули 2011Баштад, Шведска (2)Земја Давид Ферер6–2, 6–2

Во двојки: 2 (1–1) Легенда Гренд слем (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП 500 серија (0–0)АТП 250 серија (1–1)

ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултатПобедник1.7 јули 2008Баштад, ШведскаЗемја Јонас Бјеркман Јохан Брунстрем Жан-Жилијен Ројер6–2, 6–2Финалист1.19 јули 2009Баштад, ШведскаЗемја Роберт Линдстет Јарослав Левински Филип Полашек6–1, 3–6, [7–10]

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски тенисери