Арангел — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Долна Белица. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото. Покрај патот што води до Струга се гледаат урнатини од црква посветена на св. Арангел. Околу црквата е потврдено присуството на камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Во поново време на просторот е подигната црквата „Св. Архангел Михаил“.
Поврзано Долна Белица; Краста — населба од железно време; Св. Петка — црква од средниот век.
Наводи
Категорија:Долна Белица