Мандалеј (; ) или Мандалај — втор град по големина во Мјанмар и последен кралски главен град на државата. Манделеј се наоѓа на околу 716 километри северно од Јангон на источниот брег на реката Иравади. Градот има население од околу еден милион и е главен град на округот Манделеј.
Манделеј е економски центар на горен Мјанмар и се смета за центар на мјанмарската култура. Поради големото доселување на Кинези, етничката структура на градот се променила, но се зголемила и трговијата со КинаFinding George Orwell in Burma, Emma Larkin, p. 12 Иако Непјидо се наоѓа во тој регион, сепак Манделеј останува трговски, образовен и здравствен центар на горен Мјанмар.
Градот е опеан во поемата „Мандалај“ (1892) од британскиот поет Радјард Киплинг.
Потекло на поимот Името на градот потекнува од околната планина Мандалеј. Денес се верува дека името има палиско потекло, но тоа не е сосема докажано. Коренот на зборот се верува дека е „мандала“ што значи „кружни висорамнини“, „мандаре“ („среќна земја“), или „Мандара“ (планина од хиндуската митологија).
Збратимени градови Куенминг, Кина Пном Пен, Камбоџа
Галерија
Наводи
Поврзано Мјанмар Округ Манделај Градови во Мјанмар
Надворешни врски
Пјин О Лвин Мандалај во 1885-1888 во писмата на Џејмс Колбек Антички и колонијален поглед на Мандалај Мандалаја, мјанмарската срцевина Азиска историска архитектура - Мандалај
Категорија:Градови во Мјанмар Категорија:Населени места основани во 1859 година