Никола Давидовски - Коле (роден во , ) — македонски пејач. Најпознат е по антологиската песна „Земјо моја", која ја испеал во 1977 година на Скопскиот фестивал.

Животопис Давидовски е роден во Куманово во 1950 година. Има снимено 35 песни. Во 1994 година, кога останал без работа, сакал да ја продолжи пејачката кариера, но му барале по 2.000 германски марки за една песна. Тоа било прескапо за него, и затоа престанал да се занимава со пеење и се посветил на семејството и работата во неговата викендичка. Женет е со Жане и има две ќерки и внуци.

Наводи

Надворешни врски Уште ги слушам аплаузите за "Земјо моја" - Вест, 7 септември 2011 „Земјо мила“ на YouTube

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Живи луѓе