Оризари — село во Општина Кочани, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Селото е сместено на двата брега на Оризарска Река, а до 2004 година било административно седиште на некогашната истоимена општина. Со оглед на интензивната изградба на станбени и други градби, Оризари се смета за приградска населба на градот Кочани.

Етимологија и значење на името

За името на селото се поврзуваат три легенди: Многу одамна, високо над селото, во реонот на Добра Вода, во месностите Бела и Црна Црква, постоело населено место. Од него, во тогашното село се доселила една жена по име Јордана со своите два сина Вито и Тошо, според чиј акроним (Вито+Тошо=Витошо, Витоша) се смета дека селото подоцна и го добило името.Оризари во четвртата деценија на XX век, Љупчо Тодоров Симеонов, монографија, 1999 г. Оваа легенда се прераскажува низ генерациите овде. Имено некогаш во Оризари владеала „голема чума“ која го „косела“ населението. За да се спасат од чумата двајца браќа-близнаци од Оризари со помош на два вола, исто така близнаци, и со рало „самотворка“ го заорале Оризари. При орање велеле: „ори-заори“, и сè така во една насока и во повторна насока. Според преданието така „болеста не можела да работи и да го уништува населението“. Па според ова предание преку овие два збора „ори-заори“, Оризари го добило и своето име. Според некои кажувања легендата за името на Оризари датира од втората половина на век во времето на Константин Брегалнички, кој како епископ владеал по течението на реката Брегалница во овие краеви. Овој епископ имал голем број на помошници-свештени лица, а најпознат меѓу нив бил отец Арсо (Арсениј). За својата преданост кон епископот, црквата и народот како заслужен свештеник, Константин како награда на поп Арсо му одобрил средства да го посети гробот на Исус Христос во Ерусалим. Поп Арсо (отец Арсениј) со радост ја прифатил довербата и отпатувал за Ерусалим. По посетата на гробот на Исус Христос, имал време и услови да го разгледа и градот. На пазарот немало што нема. Во една вреќа видел семе - оризова арпа. Од продавачот побарал објаснување за тоа како се одгледува оваа култура, на каква почва расте и купил еден килограм од оризовата арпа. Но, семиња преку граница тешко се пренесувале. Според едни кажувања поп Арсо купил бастун со внатрешна празнина и ја наполнил празнината со арпа, а според други пак купил гуска. Ја огладнел многу и на гуската и го дал семето да го исколва. Пред да дојде на граничната контрола ја заклал гуската и така ја пренел со оризовата арпа. На безбедно место од гушата го извадил семето, а гуската ја дал на анџијата, да му ја подготви за вечера. Кога го донел семето, уште истата пролет на подготвена почва го посеал на нива во близина на сегашно Оризари. Во октомври го собрал целото семе. Идната година од семето дал и на други и така секоја година по година семето успевало и се проширувале површините. Оризопроизводителството се стабилизирало и станало доходовна гранка во земјоделството во овој крај и меѓу жителите на Оризари. Од тука семето се проширило и во другите населени места во Брегалничката Котлина, а поради оваа култура Оризари го добило и своето име.

Географија и местоположба

мини|300п|десно|Поглед на долниот дел на Оризари кон Кочанското Поле

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на Општина Кочани, од десната страна на реката Брегалница. Атарот и селото речиси се допираат со периферијата на градот Кочани. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 300 метри.

Оризари е сместено на двете страни од Оризарска Река, или како што мештаните ја нарекуваат Масалница. Должината на селото изнесува 2,6 километри во насок север-југ по течението на реката.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од државниот пат А3, а од селото започнува и високопланинскиот пат за селото Пресека.

Ова големо село се наоѓа источно од градот Кочани, на оддалеченост од околу 3 километри. Сместено е во долината на Оризарска Река (или Масалница), на место каде реката го напушта масивот Осогово на север и преминува во котлината на југ. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешми, бунари и пумпи. Најмногу вода имал делот Витоша со три чешми, доста бунари и пумпи, додека најмалку вода имал делот Горно Оризари.

Селото има простран атар, составен од два дела: рамничарски и планински. Месностите во рамничарскиот дел се шират до реката Брегалница. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Цигански Рид, Раец, Куново, Соколарца, Сланец, Даги Рид, Белско Поле, Селиште, Црвен Срп, Десна Вода, Зелени Бресја, Грб, Дага Нива, Дабче, Лака, Сув Брест, Поленик, Попова Чука, Коштилавка, Зајкова Чука, Бела и Црна Црква, Грачиште, Јанков Смрекар, Голи Врв, Ракови Ниви, Погачиница, Кочански Дол, Треска, Св. Илија, Тодорица и Турски Гробја.

Оризари се состои од три поголеми дела: Долно Оризари, Горно Оризари или Устран Дол и Витоша или Острен Дол. Горно Оризари се наоѓа на десниот брег, додека другите два дела на левиот брег од реката.

Историја

мини|десно|300п|Нацрт од мамуза (острога) најдена во Оризари, ран XIII век.

Околу Оризари се наоѓаат разни старини, а дел од нив биле проучени од Драга и Милутин Гарашанин. На месноста Селиште, над Долно Маало, тие утврдиле доста праисториска керамика. Потоа, на месноста Задселиште, исто така нашле материјал како оној на Селиште. На месноста Цигански Рид, оддалечена 300 метри од Селиште, исто така пронашле праисториска керамика. Јужно од Задселиште, од левата страна на патот Кочани-Делчево се наоѓаат три хумки.

Истите истражувачи на Селиште утврдиле и старини од античкото и римското време. На Задселиште има римски остатоци. На месноста Куново, од десната страна на патот Кочани-Делчево, биле пронајдени фрагменти од керамика од римско време. Римски остатоци се сретнуваат и на Цигански Рид.

Воислав Санев утврдил други месноста во Оризари, како Валог каде видел две могили. На месноста Крушарски Рид, северно од селото, се наоѓа средновековна некропола, а на Црна Црква (2 километри северно од Витоша) се наоѓаат темели на мала црква со димензии 7х12 метри во насока исток-запад. Околу црквата постојат гробови. Црквата со некрополата потекнува од доцниот среден век. На месноста Бела Црква, североисточно од селото, исто така има остатоци од средновековна црквичка, каде се зачувани и ниши со живопис.

Блага Алексова за месноста Крушарски Рид запишала дека се проучени 55 гроба и дека таму имало и црква, чија основа е откриена. Црквата била долга 9,6 метри, а широка 4,4 метри. За истата месноста, Радмила Поленаковиќ-Стејиќ по пронајдениот накит заклучила дека веројатно потекнува од век на некој член на семејството на деспотот Оливер или на деспотот Јован Драгаш и Константин.

За Селиште, мештаните велат дека таму некогаш се наоѓало старото село. До месноста Бела Црква се наоѓа изворот Добра Вода, кој важи за лековит и доаѓале болни луѓе од далеку. На месноста Свети Илија над Устран Дол, исто така, се верува дека имало црквиште и таму мештаните организираат собор на Илинден. Тодорица е посебно возвишение над Свети Илија, каде исто има руини од црква и извор, за кој исто се верува дека е лековит.

Денешното село се создало со спојување на три соседни села: Долно Оризари (со Коларско (Лештанско) Маало) на левиот брег на реката, Горно Оризари или Устран Дол (со маалото Дулевци) на десниот брег и Витоша на левиот брег на реката, сместено над Долно Оризари, а спроти Горно Оризари. Селата Горно и Долно Оризари веројатно се основани на почетокот на отоманскиот период, кога бил донесен оризот (околу 1450-тите години).

Во сите делови на денешното Оризари најпрвин живееле само македонски жители. Меѓутоа, за време на отоманскиот период, во Витоша се населиле Турци, поради што постарите македонски родови се иселиле во Горно Оризари (Брзаци, Деда Бојкови, Дулевци). При ослободувањето во 1912 година, Витоша било чисто турско село со 80 куќи. Турците целосно се иселиле по Првата балканска војна, заминувајќи во Кочани и во Турција.

Во 1878 година, во селото се населиле Турци мухаџири од Плевен, кои исто се иселиле во 1912 година. Нивните куќи се наоѓале во најдолниот дел на селото, а тоа место денес се нарекува Маџирско Маало.

Во секое од селата имало посебни гробишта, кои сè уште се во функција. Постоеле и турски гробишта, на месноста Куново, што се наоѓала на јужната страна на Витоша.

Училиштето, во тоа време четиригодишно, било заедничко за сите три села, а објектот се наоѓал во Долно Оризари, јужно од црквата, на местото на постојниот ваковски дом (куќа). Бидејќи тоа не ги задоволувало нараснатите потреби од зголемениот број ученици, во учебната 1939/40 во употреба било предадена нова училишна зграда.

Стопанство

мини|300п|десно|Поглед на Оризарска Река

Атарот на селото зафаќа простор од 8,7 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 335 хектари, на шумите отпаѓаат 265 хектари, а на обработливото земјиште 100 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него има продавници и угостителски објекти, како и погон за белење на оризот.

Поголемиот дел на обработливите површини до 1912 година припаѓал на Турците, околу две третини. Македонските имале малку своја земја. По 1912 година, напуштената турска земја била доделена на Македонците со помош на аграрната реформа, а некои купиле турска земја и на атарот на Кочани.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Оризари заедно со маалата Устран Дол и Витоша живееле 1.665 жители, од кои 900 Македонци, 610 Турци, 150 Роми и 5 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 225.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Оризари имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Оризари е големо село, коешто во 1961 година имало 2.154 жители, од кои 2.147 биле Македонци. Во 1994 година, бројот на населението се зголемил на 3.795 жители, а селото е населено исклучително со македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало 3.776 жители, од кои 3.768 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 2 Срби и 4 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.737 жители, од кои 2.564 Македонци, 1 Влав, 8 останати и 164 лица без податоци.

Родови

Оризари е македонско православно село, денес приградска населба на Кочани.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото: Маало Долно Оризари Староседелци: Коларци (17 к.), Дедо-Ановци (8 к.), Црвенџици (7 к.), Кримаци (6 к.), Ананови (3 к.), Дедо-Минови (3 к.), Шеќерци (2 к.), Дедо-Томови (1 к.), Беќарци (1 к.) и Трпковци (1 к.), сите наведени родови се староседелски. Доселеници: Дилижанци (4 к.), потекнуваат од истиот род во маалото Горно Оризари; Рецовци (3 к.), доселени се од Кочани. Таму се викале Бегалци; Поп-Миајловци (4 к.), доселени се од селото Тркање; Бекерци (5 к.), доселени се од селото Истибања кај Виница; Ушковци (1 к.), доселени се од селото Бели Од 1950 година овде се населиле домаќинства од Пресека (15 к.), Вранинци (2 к.) и Цера (15 к.). Маало Горно Оризари Староседелци: Шутаци (13 к.), Брзаци (10 к.), Ѓораци (2 к.), Каргашовци (20 к.), Козаримци (5 к.), Брзилци (4 к.), Гојовци (4 к.), Трчковци (4 к.), Дедо-Коцеви (4 к.), Дилижаци (3 к.), Лифовци (3 к.), Калимерци (3 к.), Дедо-Доневи (3 к.), Чорловци (2 к.), Дедо-Гошеви (2 к.), Клиндури (2 к.), Дедо-Накови (2 к.), Косовци (2 к.), Дедо-Андови (2 к.) и Трипунци (1 к.), сите наведени родови во селото се староседелски. Доселеници: Чобанци (4 к.), доселени се од селото Пресека; Спанчевци (1 к.), доселени се од селото Спанчево и Дулевци (2 к.) и Стаменковци (2 к.), доселени се од селото Вранинци. Од 1950 година овде се населиле 50 домаќинства од Пресека, Вранинци и Цера. Маало Витоша