Главовица — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба Главовица се наоѓа северно од Кочанската Котлина, на падините на планината Осогово. Селото е планинсо и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 980-1.200 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8,7 км2. Од Кочани е оддалечено 23 км.

Маалата во селото се познати како Чукарска Маала и Милевска Маала.

Стопанство Селото има главно земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 309,8 ха, на пасиштата отпаѓаат 221,7 ха, а обработливото земјиште е на површина од 174 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Главовица живееле 154 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Главовица живеат 59 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 16 Македонци и 8 лица без податоци.

Општествени установи

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Главовица било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 896 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Преслап — населба од доцноантичко време.

Реки Црна Река.

Споменици Споменик на НОБ.

Личности Починати во Главовица Љупчо Сантов (? — 1943) — македонски партизан; Раде Кратовче (1911 — 1943) — македонски партизан.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Кочани