Контрактовскиот плоштад (украински: Контрактова площа) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Подил, и претставува голем економски, културен и транспортен центар на Подил.

Плоштадот бил познат уште во времето на Киевска Рус како стратешки дел од Подил. Изградбата започнала во текот на XVIII век.

Во периодот од 1748-1749 година била изградена Самсоновата фонтана, чија изградба била наменета за дистрибуција на водата во оваа област (Out of print).

Во текот на својата историја, плоштадот имал многу имиња. Во периодор од 1869-1919 се викал Александров плоштад, во периодот од 1919-1944 се викал Црвен плоштад, од 1945-1990 се викал Контрактовски, но сè уште популарно се нарекувал по своето старо име, за да во 1990 официјално биде преименуван под денешното име.

Позначајни градби:

Контрактовска куќа Самсонова фонтана Национална банка на Украина Национален универзитет „Киево-Могиланска академија“

Наводи

Категорија:Плоштади во Киев