Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Патот кој води кон маало од селото

Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.

Историја Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Самоуправа и политика

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место

мини|десно|220п|Црквата „Св. Ѓорѓи“

Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.

Културни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Богословец — старохристијанска црква Дупките — могила од римско време Могилка — населба од доцноантичко време Пештера — населба од неолитско време Чукутин Дол — могила од римско време Градиште — сакрален објект од доцноантичко време„Два нови Археолошки наоѓалишта во Пијанец“. Сител. 14 август 2017. Киселичка Пештера — населба од бронзено време

Цркви Црква „Св. Никола“ — стара црква Црква „Св. Ѓорѓи“ — нова црква

Пештери Киселичка Пештера — пештера во близина на селото

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево