Космос-782, познат и како Бион-3 и Биокосмос-3, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Податоци Општи податоци Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 25 ноември 1975 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепенета носечка ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 4000 килограми. Космос-782 бил сателит наменет за биолошко истражување. На него први вршеле истражување СССР и САД. Извршени се 14 експерименти, а во нивното спроведување биле вклучени 7 земји. Најчесто се експериментирало со глувци и желки, а со сателитот биле носени и билни ткива и овошни мушички.

Орбитални податоци Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,5 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 405 км, а најмалото на 226.

Поврзано Космос (програма)

Литература Податоци за сателитот — НАСА

Надворешни врски Податоци за сателитите во табеларен облик

Категорија:Сателити „Космос“ Категорија:Космонаутиката во 1975 година Категорија:Вселенски летала пуштени во 1975 година