Втората чеченска војна, во подоцнежна фаза попозната како Војната во Северен Кавказ, е војна која била започната од воените сили на Руската Федерација на 26 август 1999 година, како одговор на Дагестанската војна од страна на Исламската меѓународна бригада.
На 1 октомври руските сили влегле во Чеченија.. Кампањата на руските сили завршила со де факто независност на Ичкерија и враќање на територијалниот интегритет и контрола на руските власти. И покрај тоа што конфликтот се смета за внатрешен во рамките на Руската Федерација, војната привлекла големо влијание, а привлекла и голем број на странски волонтерски војници.
Во текот на почетната фаза од конфликтот, руските воени сили и проруските чеченски паравоени сили започнале отворена борба со чеченските сепаратисти во градот Грозни, кој напад резултирал со ставање под опсада на истиот кој траел од крајот на 1999 година до февруари 2000 година. Во мај 2000 година, руските сили воспоставиле контрола врз Чеченија, но војната во Северен Кавказ продолжила уште цели девет години. Чеченските бунтовници по падот на Чеченија започнале да извршуваат терористички напади против цивилното население во Русија. Овие напади предизвикале меѓународна осуда.
Започнувајќи од 2009, борбрните дејствија со чеченските сепаратисти престанале. Градот Грозни од неодамна претрпел голема реконструкција така што голем дел од градот и од околните области биле обновени. Сепак, насилството во Северен Кавказ сѐ уште постои. Привремени напади биле регистрирани од страна на руските власти, и истите сѐ уште се случуваатIt's over, and Putin won The Guardian Посетено на 23 February 2009.
На 16 април 2009 година, операциите и битките против тероризмот официјално завршиле. Најголемиот дел од руската армија била повлечена, а товарот за справување со последните низа на препукувања останал врз локалната полиција. Три месеци оподоцна, протераниот водач на сепаратистичката влада, Ахмед Закаев повикал за прекин на огнот и вооружениот отпор против полицијата на чеченските сили започнувајќи од 1 август, и изјавил дека од тој ден Чеченците никогаш повеќе нема да пукаат едни кон другиChechen self-proclaimed government-in-exile lays down weapons Russia Today Посетено на 29 July 2009.
Точниот број на загинати од овој конфликт е непознат. Според слободни проценки, бројот се движи од 25,000 до 50,000 загинати или исчезнати, главно цивили од Чеченија. Руските жртви се над 5,200 4,572 servicemen of all security agencies killed by December 2002, 680 Russian Armed Forces soldiers killed in 2003–2007 и околу 11,000 според комитетот на мајките на војницитеChechnya War , Reuters, 11 April 2007.
Наводи
Категорија:Судири во 1999 година Категорија:Судири во 2000 година Категорија:Судири во 2001 година Категорија:Судири во 2002 година Категорија:Судири во 2003 година Категорија:Судири во 2004 година Категорија:Судири во 2005 година Категорија:Судири во 2006 година Категорија:Судири во 2007 година