мини|150п|Лого на Одборот на светското наследство на УНЕСКО

Одбор на светското наследство — орган кој утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членкаСпоред страницата на УНЕСКО за светското наследство, земји-членки се држави кои ја потпишале и ратификувале Конвенцијата за светското наследство. До ноември 2007, биле вкупно 185 земји-членки., кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.

Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот. На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.

Морска програма на светското наследство

Започната во 2005, морска програма на светското наследство http://whc.unesco.org/en/marine-programme/ промовира конзервација на морските области. Оваа програма се фокусира на зајакнување на кредибилноста на списокот на светското наследство, конзервација и градење капацитет за морските заштитени места и комуникација и изразување околу конвенцијата на светското наследство како инструмент за заштита на морските области. Моментално има 43 локации низ целиот свет на списокоhttp://whc.unesco.org/en/list/?search=&searchSites=&search_by_country=&search_yearinscribed=&type=&themes=7&media=&region=&description=&criteria_restrication=&order=, вклучувајќи ги и Големиот Корален Гребен и островите Галапагос.

Заседание

Одборот на светското наследство се сретнува неколкупати годишно за да разговараат за управување на постоечкото светско наследство и да ги прифатат номинациите од државите. Заседанието, познато како заседание на одборот на светското наследство се одржува секоја година, каде што се запошуваат нови места на списокот на светско наследство, по направените презентации од IUCN и/или ICOMOS и размислувања помеѓу државите. Тие се сретнуваат еднаш годишно.

Годишното заседание се одржува во градови низ целиот свет. Со исклучок на оние што се одржуваат во Париз, каде што е седиштето на УНЕСКО, само членовите на државите кои се членки на одборот на светското наследство имаат право да го одржуваат идното заседание, со одобрение од Одборот, како и обезбедување на условот дека мандатот на заинтересираната држава не истекува пред одржувањето на заседанието.

ЗаседаниеГодинаДатумГрад-домаќинЗемја-членка 1 1977 27 јуни - 1 јули Париз 2 1978 5 септември - 8 септември Вашингтон 3 1979 22 октомври - 26 октомври Каиро & Луксор 4 1980 1 септември - 5 септември Париз 5 1981 26 октомври - 30 октомври Сиднеј 6 1982 13 декември - 17 декември Париз 7 1983 5 декември - 9 декември Фиренца 8 1984 29 октомври - 2 ноември Буенос Аирес 9 1985 2 декември - 6 декември Париз 10 1986 24 ноември - 28 ноември Париз 11 1987 7 декември - 11 декември Париз 12 1988 5 декември - 9 декември Бразилија 13 1989 11 декември - 15 декември Париз 14 1990 7 декември - 12 декември Банф 15 1991 9 декември - 13 декември Картагина 16 1992 7 декември - 14 декември Санта Фе 17 1993 6 декември - 11 декември Картахена 18 1994 12 декември - 17 декември Пукет 19 1995 4 декември - 9 декември Берлин 20 1996 2 декември - 7 декември Мерида 21 1997 1 декември - 6 декември Неапол 22 1998 30 ноември - 5 декември Кјото 23 1999 29 ноември - декември Маракеш 24 2000 27 ноември - 2 декември Кернс 25 2001 11 декември - 16 декември Хелсинки 26 2002 24 јуни - 29 јуни Будимпешта 27 2003 30 јуни - 5 јули Париз 28 2004 28 јуни - 7 јули Сужоу 29 2005 10 јули - 17 јули Дурбан 30 2006 8 јули - 16 јули Вилниус 31 2007 23 јуни - 1 јули Крајстчерч 32 2008 2 јули - 10 јули Квебек Сити 33 2009 22 јуни - 30 јуни Севиља 34 2010 25 јули - 3 август Бразилија 35 2011 19 јуни - 29 јуни Париз 36 2012 25 јуни-5 јули Санкт Петербург 37 2013 17 јуни-27 јуни Пном Пен 38 2014 15 јуни-25 јуни Доха

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница и Список на светско наследство

Категорија:Меѓународни културни институции Категорија:Организации за конзервација Категорија:Природозаштитни организации