Алстердорф е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. Името води потекло од реката Алстер, која подоцна била заградена во две езера Аусеналстер и Биненалстер во центарот на Хамбург.
Историја
Околу 1803, населбата станала имот на Хамбург.
Географија
thumb|left|Од напред на поранешниот крематориум на гробиштата Олсдорф.
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алстердорф имал вкупна површина од 3,1 км2. Реката Алстер рече од североисток кон југозапад е границата со квартот Грос Борстел на запад. На југ Алстердорф се граничи со квартот Винтерхуде. На исток е квартот Олсдорф.
Делови од големите гробишта Олсдорф (Ohlsdorfer Friedhof ) припаѓаат на квартот Алстердорф.
Демографија
Во 2006, во квартот Алстердорф живееле 12.955 луѓе. Густината на населението била 4.232 жители на км2. 14,2% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 11,6% биле странски жители. 467 лица биле регистрирани како невработени.Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Во 1999, имало 6.508 домаќинства од кои 15,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 54,4% од сите домаќинства биле сочинети од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,77.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 12.455 12.487 12.551 12.563 12.520 12.449 12.622 12.577 12.476 12.209 12.027 11.847 11.827 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 12.180 12.379 12.480 12.723 12.825 12.872 12.955
Во 2006, имало 1.283 кривични дела (99 дела на 1.000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Има едно 1 основно и 2 средни училишта во квартот Алстердорф и 30 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.
Спорт
До отворањето на O2 World (Хамбург) во 2002, Алстердорфер Шпортхале била најголемата затворена спортска сала во Хамбург, служејќи и како место за концерти, саеми и други манифестации.
Сообраќај
thumb|left|Поглед на покраинското полициско училиште.
Алстердорф е поврзан со железничкиот систем на подземната железница. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.847 приватни возила (377 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург