Винтерхуде е квартер во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.
Историја
Винтерхуде бил првпат споменат во 13-от век,Шпарман 1968, стр. 401 но археолошките откритија на предмети, оружја и гробници потекнуваат од 1700 п.н.е. и 700 п.н.е..Шиндлер 1960, стр. 284 et sqq.
Во текот на Втората светска војна, пристаништето Хамбург и со тоа Винтерхуде биле цели на воздушните напади, на т.н. Операција Гомора.
Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Винтерхуде имал вкупна површина од 7,6 км2. На север е квартот Алстердорф, а квартот Бармбек-Норд е на исток. На запад се квартовите Епендорф и Харфештехуде и на југ се Уленхорст и Бармбек-Зид.
Во Винтерхуде е градскиот парк на Хамбург (Hamburger Stadtpark).
Демографија
Во 2007, населението во квартот Винтерхуде било 48.799. Густината на население била 6.439 жители на км2. 10,6% биле деца под 18 години, а 15% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.684 лица биле регистрирани како невработени.Биро за регистрацијата на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007) Во 1999, имало 31.732 домаќинства, а 60,4% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинствата била 1,61.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Население по години 1709 1810 1811 1834 1838 100 238 242 325 380
1939 1950 1961 1970 1980 65.937 90.623 79.235 61.899 50.787 BAUBEHÖRDE HAMBURG 1981, S.11 and STATISTISCHES LANDESAMT. Statist. Taschenbücher: Einwohnerentwicklung 1973-1995
1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 47.225 46.988 47.236 47.767 48.404 49.460 49.449 49.819 49.040 49.192 48.536 48.536 48.756 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 48.653 48.469 48.421 48.610 48.532 48.602 49.018 48.799
Во 2007, имало 4.622 кривични дела (95 дела на 1.000 луѓе).
Образование
Во 2006, имало 6 основни и 3 средни училишта во квартот Винтерхуде со 3.959 ученици.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Инфраструктура
thumb|Индонезиски конзулат во Хамбург. thumb|Планетариумот во градскиот парк (2003).
Во 1956, основан е генералниот конзулат на Република Индонезија, кој се наоѓа во овој кварт. Генералниот конзулат на Исламската Република Иран бил основан во 1858 и исто така се наоѓа во улицата Bebelallee.
Здравствен систем
Болницата Israelitisches Krankenhaus има 180 кревети.
Имало 32 дневни центри за деца, 156 лекари во приватни ординации и 16 аптеки.
Сообраќај
Винтерхуде е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици: Sierichstraße, Borgweg и Saarlandstraße (линија У3), Hudtwalkerstraße и Lattenkamp (линија У1). Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Винтерхуде биле регистрирани 15.992 приватни возила (328 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург:
Категорија:Четрти во Хамбург