Горно Градиште — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Бајково. Претставува средновековно градиште.
Опис
Ова средновековно градиште се издига на висок рид со зарамнето плато со површина од 80 на 80 метри, на кое се забележуваат остатоци од бедем граден со кршен камен и кал, множество градежен материјал и мал број од атипична средновековна керамика.
Поврзано Бајково; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Бајково