Бел Рид — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Село. Претставува населба од доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 500 метри северозападно од селото, каде се издига висок рид.

Опис

На наоѓалиштето се пронајдени остатоци од темели на неколку објекти, а на површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Коштуница — могила од римското време; Новоселско Депо — депо на монети од средниот век; Селиште — населба од бакарното и бронзеното време; Сушица — населба од неолитското време; Чука — населба и могила од доцноантичкото време; Шопов Рид — могили од римското време; Ново Село; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.

Наводи

Категорија:Ново Село (Струмичко)