Ново Село — населба во Општина Ѓорче Петров, во градот Скопје.
Географија и местоположба Селото е сместено во западниот дел на Скопската Котлина. Лежи северно од населбата Ѓорче Петров и јужно од Волково. Практично е споено со Даме Груев на југ и Кисела Јабука на север.
Во западниот дел на атарот, преку железничката пруга е маалото Машиче, а на југоозапад се издига Оризарски Рид.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Јени Чифлик и било христијанско, со 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 75 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 162 жители.
На крајот од XIX век Ново Село било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ново Село живееле 80 Бугари христијани.
Во селото работеле двете најголеми странски пропаганди. Според бугарски извори од 1903 г. целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија, нарекувајќи го „србоманско“.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296. Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 27 „српски“ патријаршистички куќи.Извештај на скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г. Согласно сознанијата, бугарската пропаганда потоа ја истиснала српската. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село има 320 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 135 жители. Било дел од Општина Бардовци.
На етничката карта од 1927 година Леонард Шулце Јена го покажува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележил Ново Село двапати — еднаш како македонско село и еднаш како село со нејасен етнички состав.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Стопанство Население
На пописот од 2002 година, селото имало 8.349 жители, од кои 7.082 Македонци, 14 Албанци, 26 Турци, 869 Роми, 14 Власи, 274 Срби, 5 Бошњаци и 68 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.264 жители, од кои 1.176 Македонци, 2 Албанци, 41 Србин и 45 лица без податоци.
Општествени установи
мини|десно|Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село.
Црква „Св. Архангел Гаврил“ ОУ „Тихомир Милошевски“ Амбуланта
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Богоја Стевковски (1915-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Ангел Маневски (1921-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски