Бојане — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Населбата се наоѓа на крајниот западен дел на Скопската Котлина, чиј атар се издига на планината Жеден и припаѓа на територијата на Општина Сарај. Селото е ридско, на надморска височина од 530 метри. Од патот Скопје - Тетово населбата е оддалечена 2,5 километри.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Стопанство Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 25,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.303,8 ха, на пасиштата отпаѓаат 297 ха, а на обработливото земјиште 614,4 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 57 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 215 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 462 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 272 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бојане живееле 175 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
Како албанско село било означено и од страна на Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 950 Албанци.
Населбата е голема и во 1961 година броела 1.195 жители, а во 1994 година 1.910 жители, населена со албанско население.
На пописот од 2002 година, селото имало 2.230 жители, од кои 1 Македонец, 2.225 Албанци и 4 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.132 жители, од кои 1 Македонец, 2.071 Албанец и 60 лица без податоци.
Родови
Бојане е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Староседелци: Ради (9 к.) они се единствениот староседелски род, со доаѓањето на Албанците во селото, они се исламизирале и поалбанчиле/измешале. Некои тврдат дека додека биле православни, овој род се викал Радевци. Доселеници: Колесњан (16 к.) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од селото Колесњан во областа Љума во северна Албанија; Доми (23 к.) доселени се од местото Домни во Фанда во северна Албанија; Лески или Карач (20 к.) доселени се од селото Бицан во Љума во северна Албанија; Жугри (12 к.) доселени се од селото Дарда кое се наоѓа во областа Матија во средна Албанија; Чајон (7 к.) доселени се од местото Чаја во Љума во северна Албанија; Боди (11 к.) они потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Речи (12 к.) и Долдур (13 к.) доселени се од местото Бице во Љума во северна Албанија; Мичи (6 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Рогле (10 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија; Печи (8 к.) доселени се од некое село Печи кое се наоѓало во тиранска Малесија; Ималар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Фаризалар (10 к.) доселени се од фисот Бериш во северна Албанија; Калис или Исмаилар (6 к.) доселени се од областа Калис во северна Албанија.
Иселеништво Иселени православни Македонци од ова село има на следните места: Мартиновци, Јанчевци, Павлевци и Николовци иселени се во селото Сиричино кај Тетово. Богојевци иселени се во селото Туденце кај Тетово.
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Бојане, на Карти на Гугл