Кранц е кварт во округот Харбург на Хамбург, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Елба и е еден од 105-те квартови на Хамбург.

Историја

Кранц припаѓал на надбискупијата Бремен. Во 1648, надбискупијата се трансформирала во војводство Бремен, кое прво било владеено со личен сојуз со Швеѓаните и од 1715 година од хановершката круна. Во 1823, војводството било укинати и неговата територија станала дел од регионот Штаде на Кралството Хановер, кое било анектирано од Кралството Прусија во 1866. Во 1937, поради законот за голем Хамбург Кранц станал дел од Хамбург.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Кранц имал вкупна површина од 1,3 км2. Тој е рурален кварт и е дел од областа Алтес Ланд. На југ е покраината Долна Саксонија. На север е реката Елба, а на исток е квартот Нојенфелде.

Демографија

Во 2006, во квартот Кранц живееле 857 луѓе. Густината на населеност била 643 на км2. 18,6% биле деца под 18 години, а 16,7% имале 65 или повеќе години. 15,4% од жителите биле странци. 31 лице било регистрирано како невработен.Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, имало 424 домаќинства од кои 21,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,9% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,09.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2006, имало 67 кривични дела во Кранц (87 дела на 1000 жители).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Има 1 основно и ниедно средно училиште во квартот Кранц. Постојат 2 приватни лекарски ординации и ниедна аптека.

Сообраќај

thumb|left|Хидрауличен мост на заштитната преграда од поплави на Есте

Кранц не е опслужуван од железничкиот систем на С-железницата. Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 365 приватни возила (456 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Бариката од поплави била изградена по големата поплави во 1962 за да ја заштити реката Есте од поплавите на реката Елба.

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (на германски).

Категорија:Четрти во Хамбург