Методија Нешковски (, - , ) — македонски стручњак од областа на гастроентерологијата и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис Нешковски е роден на 23 септември 1950 година во Битола. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1975 година, а истата година бил вработен на Клиниката за гастроентерологија, каде ги минал сите скалила на својот стручен и академски развој, профилирајќи се во врвен гастроентеролог, познат по својата стручна и научна активност во земјата и надвор од неа. Би директор на Клиниката за гастроентерологија и продекан за настава на Медицинскиот факултет. Во рамки на македонската гастроенетерологија оставил посебен белег на полето на интервентната абдоминална ултрасонографија и болестите на панкреасот. Починал во Скопје на 19 јануари 2011 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски гастроентеролози