Олга Тројачанец ( - , ) ― македонски универзитетски професор и доајен на македонската германистика. Животопис
Тројачанец е родена во 1937 година. Таа во 1957 година била меѓу 12-те студенти од првата генерација на Катедрата за германски јазик и литература при Универзитетот „Кирил и Методиј“, а подоцна, по студиските престои во Германија, во 1976 година била соосновач на Македонското здружение на наставници по германски јазик и го иницирала основањето на „Гете институтот“ во Скопје.
Од 1986 до пензионирањето во 2002 година, таа била професорка и директорка на Центарот за странски јазици и предавач на Филолошкиот факултет, а од 2002 и сосопственик на училиштето за јазици „Лингвалинк“. Тројачанец е првата Македонка која е одликувана со Орден за заслуги од претседателот на Германија. Орденот го добила во 2008 година, за нејзините долгогодишни заслуги во ширењето на германскиот јазик во Македонија. починала на 27 ноември 2011 во Скопје, каде што и почива. Наводи
Надворешни врски
Големата дама на македонската германистика - Дневник (30 ноември 2011)
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски германисти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски германисти Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“