Семениште — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западниот дел од Скопската Котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 290 жители.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 559 жители, од кои 1 Македонец, 557 Албанци и 1 Бошњак.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 798 жители, од кои 2 Македонци, 754 Албанци, 5 Бошњаци и 37 лица без податоци.
Родови Семениште е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Цан (29 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 80 г. во 1940-тите) Ислам-Сејфула-Хусеин-Цан, предокот кој се доселил. Никиштан (21 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Од таму се иселиле најпрво во селото Никиштане, по кое и го добиле името. А од таму во Семениште. Арно (11 к.) доселени се од Мирдита во северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша. Имаат роднини иселени од Мирдита во Блаце кај Качаник.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Семениште - осамен наод од римското време
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Семениште, на Карти на Гугл