Оваа статија е за историското кралство, пред Актите на унијата со Ирска од 1800 година За современата земја, види Обединето Кралство. За островот, види Велика Британија.

Кралство Велика Британија познато и како Обединетото Кралство на Велика Британија — независна држава во северозападна Европа, од 1707 до 1801 година. Независноста ја добил на 1 мај 1707 година, со политичко сојузништво со Кралството на Шкотска и Кралството на Англија (вклучувајќи го и Велс). Со Договорот за Унијата во 1706 година, (ратификуван во 1707 година како Акти на унијата), се создало единствено, обединето кралство, кое го опфатило целиот остров и неговите помали одделени острови, при што ја отфрлил Ирска која останала одделено кралство под ново формираната британска круна. Новото кралство било контролирано од посебен парламент и влада сместени во Вестминстер. Поранешните кралства веќе ја имле подделено монархијата, откако Јаков VI, Крал на Шкотите ја наследил Кралицата Елизабета I по нејзината смрт во 1603 година и станал Крал на Англија, со што ја придобил „Унијата на Круните“.

Новото кралство на Велика Британија било наследено од Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска на 1 јануари 1802 година, кога Велика Британија била обединета со Кралство Ирска според Актот на унијата од 1800 година, по што следувало прикривање на Ирскиот бунт од 1798 година. Во 1922 година поголем дел од Ирска ја напуштил Унијата, водејќи се со друго име на земјата во 1927 година, - Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Подоцнежните Британски земји, иако се со територијални промени, биле земени предвид со директни продолжувања од Велика Британија отколку од успешните земји.

Име

Во Договорот на унијата и подоцнежниот Акт на унијата јасно било истакнато дека Англија и Шкотска требало да бидат „Обединети во едно кралство под името на Велика Британија“:Both Acts and the Treaty state in Article I: That the Two Kingdoms of Scotland and England, shall upon 1 May next ensuing the date hereof, and forever after, be United into One Kingdom by the Name of GREAT BRITAIN.. Тие исто така ја разгледувале новата земја под имињата „Едно кралство“, „Обединетото Кралство на Велика Британија“ и „Обединетото Кралство“"After the political union of England and Scotland in 1707, the nation's official name became 'Great Britain'", The American Pageant, Volume 1, Cengage Learning (2012)"From 1707 until 1801 Great Britain was the official designation of the kingdoms of England and Scotland". The Standard Reference Work: For the Home, School and Library, Volume 3, Harold Melvin Stanford (1921)"In 1707, on the union with Scotland, 'Great Britain' became the official name of the British Kingdom, and so continued until the union with Ireland in 1801". United States Congressional serial set, Issue 10; Issue 3265 (1895). Мрежните места на парламентот на Обединетото Кралство, шкотскиот парламент, ББЦ и други кои вклучувале историски конотации, се повикувале на земјата создадена на 1 мај 1707 годинаScottish referendum: 50 fascinating facts you should know about Scotland www.telegraph.co.uk, 11 January 2012: "Scotland has been part of the United Kingdom for more than three hundred years"Scotland: Rogue nation, под името „Обединетото Кралство на Велика Британија“. Сепак, државата основана од унијата на Англија и Шкотска во 1707 година, се однесувала на кралството на Велика БританијаActs of Union 1707 parliament.uk, accessed 31 December 2010England – Profile BBC, 10 February 2011Scottish referendum: 50 fascinating facts you should know about Scotland (see fact 27) www.telegraph.co.uk, 11 January 2012Uniting the kingdom? nationalarchives.gov.uk, accessed 31 December 2010The Union of the Parliaments 1707 Learning and Teaching Scotland, accessed 2 September 2010The Creation of the United Kingdom of Great britain in 1707 Historical Association, accessed 30 January 2011.

Терминот обединето кралство се употребувал неформално за време на XVIII век да се опише ново обединетата нација од Англија и Шкотска, но официјално станал дел од името после Актот на унијата од 1800 година кога било назначено како име на земјата по обединувањето со Кралството на Ирска. Во 2006 година, историските конотации за Тајмс изјавиле дека Обединетото Кралство не постоело сè до 1800 година, до Актот на унијата со Ирска, иако една статија на нивното мрежно место се однесувала на Основањето на Обединетото Кралство на Велика Британија од 1707 година. Во 1927 година, пет години пред да се смени Британската независност, оддел во Јужна Ирска од Обединетото Кралство го отстранил треминот Обединето Кралство. Сè до 1953 година, ова не било обновено.

Политичка структура

Кралствата на Англија и на Шкотска, кои датираат од 9 век, биле одделени држави сè до Актот на унијата од 1707 година. Меѓутоа, во 1603 година тие се соединиле, кога Јаков VI од Шкотска ја наследил неговата роднина Елизабета I и стана крал на Англија (под името Јаков I). Според Стјуартската династија, посебна монархија владеела во Унијата на круните, односно на целиот остров на Велика Британија, која под влијание на англиската круна владеела и над Кралството во Ирска. Секое кралство имало свој парламент и закони (и покрај тоа што имало обид за обединување за време на меѓулвластието во средината на 17 век).

Поделбата се сменила драматично, кога на сила стапил Актот на унијата во 1707 годинаAct of Union 1707, Article 1., со посебно обединето кралство и посебно обединет парламент. (Сепак, Ирска останала официјално одделена сè до Актот на унијата од 1801 година). Успехот на британското кралство (и на Ирска) бил одреден со Англискиот акт за спогодба. Шкотскиот акт за безбедност, кој тема за расправа со Англија, завршил исто така со успех. Актот за спогодбата наведувал дека наследникот на англиското кралство треба да биде протестантски потомок на Избраничката Софија Хановерска (ова било главната причина за успехот на Хановер само неколку години по Унијата).

Парламентот на Велика Британија, кој официјално ги застапувал парламентот на Англија и парламентот на Шкотска, ја овластувал законодавната власт. Меѓутоа, новото тело било продолжение на Англискиот парламент, со иста локација во Вестминстер, но сепак проширено за да го вклучи и претставништвото од ШкотскаAct of Union 1707, Article 3..

Како поранешен парламент на Англија и современ парламент на Обединетото Кралство, парламентот на Велика Британија бил составен од три елементи: Долен дом, Горен дом и Крал. Правото на англиската аристократија да седи во Горниот дом останало непороменето, додека на несразмерно големата шкотска аристократија и било дозволено да пратат шеснаесет претставници, избрани според нивниот број на претставници во секој парламент. Исто така, членовите на поранешниот Долен дом на Англија останале членови на Долниот дом на Британија, но (како резултат на поврзаниот данок заснован на две држави) бројот на шкотските претставници се намалил на четириесет и пет, споредбено со претходната бројка во Шкотскиот парламент. Новите благородници во Аристократијата на Велика Британија се стекнале со автоматско право за место во Горниот дом.

И покрај крајот на парламентот во Шкотска, сепак, државата ги задржала своите закони заедно со судскиот систем по Унијата.

Односот со Ирска

Како резултат на Законот на Поининг од 1495 година, парламентот на Ирска бил зависен од парламентот на Англија, а по 1707 година од парламентот на Велика Британија. Исто така, во Актот за независноста на Ирска во Велика Британија од 1719 година, било наведено дека Горниот дом на Ирска неодамна ги присвоила власта и судството за да „се прегледуваат, поправаат и дополнуваат” пресудите на ирските судовиW. C. Costin & J. Steven Watson, eds., The Law & Working of the Constitution: Documents 1660–1914, vol. I for 1660–1783 (A. & C. Black, 1952), pp. 128–129. Во актот било објаснето како што кралството на Ирска било подредено и зависно од Британското Кралство, така Кралот преку Парламентот на Велика Британија ја имал „цела сила и авторитет да донесува закони и статути со целосна полноважност за да ги поврзи луѓето од Ирска со Кралството на Велика Британија”. Актот бил отповикан со укинувањето на Актот за безбедна независност во однос на Актот во Ирска од 1782 годинаCostin Watson (1952), p. 147. Истата година, ирскиот Устав од 1782 година создал период на законодавна слобода. Сепак, Ирското востание од 1798 година ја нарушил таа слобода и бил еден од главните фактори за соединување на кралствата на Велика Британија и Ирска во 1801 годинаWilliams, The Whig Supremacy: 1714 – 1760 (1962) pp 287-306..

Велика Британија во 18 век

Во XVIII век, Англија, а од 1707 година Велика Британија, станала доминантна колонијална сила во светот, со Франција, која и станал главен соперник на владеачката сцена.

Обединување

Политичкото обединување на Британија било главна цел на кралицата Ана, последната монархиња на Династија Стјуарт во Англија и Шкотска и првата монархиња на Велика Британија. Под заштита на Кралицата и нејзините советодавачи, Договорот за унијата бил составен и преговарањата помеѓу Англија и Шкотска почнале во 1706 година Актот на унијата бил одобрен во 1707 година, обединувајќи ги парламентот и Кралство Англија со парламентот и Кралство Шкотска, со што било формирано Кралството на Велика Британија. Анаофицијално станала првиот владетел на обединетото британско кралство и според член 22 од Договорот на унијата, Шкотска испратила 45 членови во новиот Долен дом на Велика Британија.

Царство

Смртта на Карло II од Шпанија, на 1 ноември 1700 година, неговиот наследник од Шпанија и неговото колонијално владеење до Филип од Анџои, внук на фракцускиот крал, ја зголемила можноста за обединување на Франција, Шпанија и нивните колонии, што претставувало неприфатлива можност за другите сили од Европа. Во 1701 година, Англија, Португалија и Холандија застанале на страната на Светото Римско Царство против Шпанија и Франција за време на Војната за шпанското наследство. Конфликтот траел сè до 1714 година, кога Франција и Шпанија изгубиле од новата земја Велика Британија. На заклучокот во Договорот од Утрехт, Филип и неговите потомци се откажале од наследството на француско кралство. Шпанија го загубила нејзиното кралство во Европа и иако го чувала кралството во Америка и Филипините, била непоправливо ослабната за една таква голема сила. Новата Британска Империја, според оние англиски колонии од 1707 година, била територијално проширена: Британија од Франција ги добила Њуфаундленд и Акадија, а од Шпанија, Гибралтар и Минорка. Гибралтар, кој до денешен ден е британска прекуморска територија, станал поморска база и ѝ овозможува на Британија да ги контролира Атлантските влезни и излезни точки на СредоземјетоJulian Hoppit, A Land of Liberty?: England 1689–1727 (2000) ch 4, 8.

Седумгодишната војна која почнала во 1756 година, била првата војна која доведе глобално подобрување и го виде британскиот однос со Европа, Индија, Северна Америка, Карибите и крајбрежјето на Африка. Потпишувањето на Договорот од Париз од 1763 година, имал важни последици за Британија и нејзината империја. Во Северна Америка, иднината на Франција како колонизациска сила била завршена со отстапувањето на територијата на Нова Франција на Британија, оставајќи доста голема популација на франкофони под британска контрола, и отстапување на Луизијана на Шпанија. Шпанија ѝ ја отстапила Флорида на Британија. Во Индија, Карнатската војна ја оставила Франција под контрола на нејзините енклави, но под воени рестрикции и обврска да ги поддржува Британските земји, препуштајќи ѝ ја на Британија иднината на Индија. Британската победа над Франција во Седумгодишната војна ја направиле Британија главна колонијална сила во светот.

Меркантилизам