мини|Портрет на кралот од Годфри Нелер Џорџ I (Џорџ Луис- на германски Георг Лудвиг- 28 мај 1660 година – 11 јуни 1727) бил крал на Велика Британија и Ирска од 1 август 1714 година сè до неговата смрт, Владетел на војводството и Изборник на Брауншвајг–Линебург (Хановер) во Светото Римско Царство од 1698 година

Џорџ се родил во Хановер, денешна Германија, а титулата Владетел на Брауншвајг-Линебург ја наследил од татко му и од неговите чичковци. Успехот од Европските војни се проширил до неговата германска територија, па така во 1708 година, тој бил назначен за принц-избраник на Хановер. На 54-годинаишна возраст, по смртта на Кралицата Ана од Велика Британија, Џорџ стапил на британскиот престол како првиот монарх од Династијата Хановер. Иако преку педесет римски католици биле во блиска роднинска врска со Кралицата Ана, Актот на населувањето од 1701 година им го забранило правото на наследување на британскиот престол на католиците. Сепак, Џорџ бил најблискиот роднина протестант на Ана. На ова реагирале Јакубите кои се обидувале да го сменат Џорџ и на негово место да го постават полубратот на Ана, католикот Џејмс Франсис Едвард Стјуард, но нивните обиди не успеале.

За време на владеењето на Џорџ, силата на монархијата се намалила и Британија почнала да се променува кон модерниот систем на кабинетската влада предводена од премиер. При крајот на неговото владеење, вистинската власт била предводена од Сер Роберт Валпор, првиот де факто британски премиер. Џорџ починал на пат кон неговиор роден Хановер, каде што бил закопан.Weir, Alison (1996). Britain's Royal Families: The Complete Genealogy (revised ed.). Random House. pp. 272–276. ISBN 978-0-7126-7448-5.

Раните години Џорџ е роден на 28 мај 1660 година, во Хановер, во Светото Римско Царство. Тој бил најстариот син на Ернест Август, војводата од Брауншвајг – Лунбург и Софија на Рајнланд Пфалц. Софија му била внука на Кралот Џејмс I на Англија преку нејзината мајка, Елизабет од Боемија.

За првпат во неговиот живот, Џорџ бил единствениот наследник на германска територија од страна на неговиот татко и чичковци кои не оставиле потомци. Во 1661 година, се родил Фредрих Август, брат на Џорџ и двете момчиња (познати како Горген и Густен) пораснале заедно. Нивната мајка била отсутна една година (1664-65) поради закрепнување во Италија, но таа била одговорна за воспитувањето на нејзините синови и многу влијаела во нивното одгледување, а уште повеќе откако се вратила. По нејзиното враќање, Софија родила уште четири синови и една ќерка. Во нејзините писма, Софија го опишувала Џорџ како одговорно, совесно дете кој претставувал пример за неговите помлади браќа и сестри.Hatton, p. 29.

Во 1675 година, најстариот чичко на Џорџ починал без да остави потомок, но останатите двајца се ожениле, ставајќи го во опасност наследството на Џорџ доколку тие го предадат на нивните синови, ако воопшто ги имаат. Неговиот татко го учел Џорџ да лови и да јава, и го воведил во некои воени служби. Свесен за неговата несигурна иднина, Ернест Август го земал неговиот 15-годинаишен син Џорџ на кампања за Француско-Данската војна со промислена цел за да го тестира и тренира за војни.Hatton, p. 34.

Во 1679 година, другиот чичко на Џорџ починал неочекувано, не оставајќи наследници, па така Ернест Август станал Војвода на Каленберг- Гетинген, со главен град во Хановер. Единствениот чичко на Џорџ, Џорџ Вилијам од Кел, се оженил со неговата љубовница со цел да ја озакони неговата единствена ќерка Софија Доротеја од Цел, но за жал немале други деца. Според Салискиот закон, каде што наследството на територијата било ограничено само за машката популација, наследството на Џорџ и неговите браќа за териториите на нивниот татко и чичковци станало сигурно. Во 1682 година, фамилијата се согласила да го усвои принципот на првородство, што значело дека Џорџ ќе ја наследи целата територија и не треба да ја дели со неговите браќа.Hatton, p. 30.

Брак Истата година, Џорџ се оженил со неговата прва братучетка Софија Доротеја од Кел, при што си обезбедил дополнителна заработувачка надвор од Салиските закони кои налагаале машки наследник. Овој ,,брак помеѓу две држави”, пред сè бил склучен поради поголем годинаишен приход и подарил здружување на Хановер и Кел. На почетокот неговата мајка била против овој брак бидејќи немала добро мислење за мајката на Софија (која е родена во кралството) и била загрижена за посвојувањето на Софија Доротеја. Сепак, нејзиното мислење било поразено од предностите на овој брак.Hatton, pp. 36, 42.

Во 1683 година, Џорџ и неговиот брат, Фредрих Август, служеле војска за време на Големата турска војна и Опсадата на Виена. Во тој период, Софија Доротеја му родила син на Џорџ, Џорџ Август. Следната година, Фредрих Август бил информиран за усвојувањето на првородството, што значело дека тој не можел повеќе да наследува дел од територијата на неговиот татко, како што очекувал. Тоа довело до растројство помеѓу татко и син, и помеѓу браќата, и траело сè до смртта на Фредрих Август во 1690 година Со опасноста за единечна држава на Хановер и со прилозите на Хановеријанците за војните во царството, Ернест Август во 1692 година бил назначен за избирач во Светото Римско Царство. Иднината на Џорџ била појасна од кога било, како единствен наследник на неговиот татко и неговиот чичко.Hatton, pp. 43–46.

Во 1687 година, Софија Доротеја родила второ дете, ќерка крстена по неа и тоа била последна нејзина бременост. После тоа двојката се оддалечила. Џорџ го претпочитал друштвото на неговите љубовници, Мелусине фон дер Шуленбург, со која имал две ќерки во 1692 и 1693 година, додека Софија Доротеја имала романса со Шведскиот Гроф Кристоф фон Конигсмарк. Со закана за бегство, Хановерскиот суд, заедно со браќата и сопругата на Џорџ, Софија, ги убедувале љубовниците да се разделат, но од тоа немало никаква корист. Според дипломатски извори од непријателите на Хановер, во јули 1694 година, грофот бил убиен, премолчено од Џорџ, а телото било фрлено во река и прекриено со камења. Се претпоставувало дека убиецот бил еден од четирите дворјаници на Ернест Август (Дон Николо Монталбано) на кој му бил платен износ од 150.000 толари, сто пати поголем од највисоката плата на највисоко платениот министер. Подоцна се претпоставувало дека Конигсмарк бил распарчен на парчиња и запален на плоштадот во Хановер. Сепак, самите извори од Хановер, вклучувајќи ја и Софија, ги негиралр сознанијата за тоа каде е Конигсмарк.Hatton, pp. 51–61.

Бракот помеѓу Џорџ и Софија се раскинал, но не поради тоа што и двајцата биле неверни, туку поради тоа што Софија го напуштила нејзиниот сопруг. Со согласност од нејзиниот татко, Џорџ ја затворил Софија Доротеја во куќата Алден во нејзиниот роден Кел, каде што останала околу триесет годинаини сè до нејзината смрт. И бил забранет пристап до нејзините деца и татко и, ѝ било забрането да се премажи и ѝ било дозволено само да излегува во придружба на дворјаните од замокот. Сепак, на Софија и давале приходи, слуги и ѝ било дозволено да јава надвор од замокот, но под надзор.Hatton, pp. 60–64.

Владеењето како избраник Ернест Август починал на 23 јануари 1698 година, притоа сите негови територии му ги оставил на Џорџ, со исклучок на една канцеларија во Оснабрик која ја предводел сè до 1661 година, кога му ја доделил на Принцот на Епископијата. Потоа Џорџ станал Владетел на Брауншвајг-Линебург (тој бил познат и како Хановер, според името на главниот град) и избраник во Светото Римско Царство. Неговиот суд во Хановер бил удостојуван од присуството на многу културни икони како што се математичарот и филозофот Готфрид Лајбниц и композиторот Георг Фридрих Хендл.

Кратко по доаѓањето на престолот во неговото родно војводство, принцот Вилијам, починал војводата од Глостер, кој бил втор по ред за да ги наследи англискиот и шкотскиот престол. Според англискиот Акт за населувањето од 1701 година, мајката на Џорџ, Софија, требало да биде наследник на англискиот престол, доколку тогашниот владетел (Вилијам III) и неговата снаа, Принцезата Ана Данска (подоцна Кралица Ана) умрат без да остават наследници. Наследството се подготвувало долго време, бидејќи Софија била најблиската роднина протестант на британското кралското семејство. Педесет и шест католички врски со врвни барања за наследство биле одбиени. Можноста некој од нив да премине во протестанството само поради наследството била незначителна, бидејќи некои веднаш одбиле.

Во август 1701 година, Џорџ инвестирал во Редот на Подвеската и за шест месеци, најблискиот католички молител до престолот на Англија, поранешниот крал Џејмс II, починал. Вилијам III починал наредниот март и бил наследен од Ана. Софија станала најверојатната наследничка на Кралицата на Англија. Софија била во нејзините седумдесетти годинаини, постара од Ана за триесет и пет годинаини, но таа била многу здрава па нејзиното време и енергија ги трошела за обезбедување на наследството, било за неа било за нејзините деца. Сепак, Џорџ бил тој кој ја разбрал сложеноста на англиската политика и на уставниот закон, кои во 1705 година, барале понатамошни акти за усвојување на Софија и нејзините наследници како англиски државјани и да ги задржи договорите за преместување на силата преку Регенски Совет. Истата година, единствениот останат чичко на Џорџ починал и тој наследил уште неколку германски делови: Општината на Љунбург- Грубенхаген во Кел.Hatton, p. 74.

Кратко по доаѓањето на престолот, избувнала Војната за шпанското наследство. Во кавга било правото на Филип, внукот на францускиот крал Луј XIV, да го освојат шпанскиот престол преку волјата на Шарл II. Светото Римско Царство, обединетите холандски провинции, Англија, Хановер и многу други германски држави се спротивставувале на оваа одлука бидејќи тие се плашеле дека француската Династија Бурбони ќе стане многу помоќна ако е управувана од Шпанија. Како дел од напорот во војната, Џорџ ја нападнал соседната држава Брауншвајг–Волфенбител, која била про-француска, сам пишувајќи ги некои од наредбите. Нападот успеал со неколку изгубени животи. Како награда, претходното Хановерско присоединување на Војводството од Саксе – Лоенбург пробано од неговиот чичко, било признато од Британците и од Холанѓаните.

Во 1706 година, Избираникот од Баварија бил отстранет од неговата должност поради договарање со Луј против царството. Следната година, Џорџ бил назначен за Кралски ферлдмаршал со команда од кралската армија со седиште покрај реката Рајна. Времетраењето на неговата служба не било успешно, главно поради тоа што тој бил измамен од неговите сојузници, Војводата од Марлборо, во еден напад и поради тоа што Царот Јозеф I ги одделил средствата наменети за кампањата на Џорџ за негова сопствена употреба. Покрај ова, германските владетели мислеле дека тој се покажал многу добро. Во 1708 година, тие формално ја потврдиле позицијата на Џорџ како изборен кнез за признавање на или поради негова служба. Џорџ не ги трпел акциите на Марлборо против него кои ги сфатил како дел од планот за да ги намами француските сили за главниот напад.

Во 1709 година, Џорџ се повлекол од функцијата фелдмаршал и никогаш повеќе не отишол на активна скужба. Во 1710 година, му било доделено богатството на царството, служба порано предводена од изборното кнежевство Пфалц. Смртта на царот во 1711 година, претставувал закана за уништување на рамнотежата на силата во спротивна насока, па така војната завршила во 1713 година,со ратификација на Договорот од Утрехт. На Филип му било дозволено да победи во шпанскиот престол, но бил отсртанет од француското наследство па изборниот кнез во Баварија го вратил.

Доаѓањето на престолот во Велика Британија