Ана (родена на година – починала на година) — кралица на Англија, Шкотска и Ирска од 8 март 1702 година и Кралица на Велика Британија и Ирска по ратификацијата на Актите на Унијата од 1707 годинс за спојување на кралствата Шкотска и Англија, до нејзината смрт во 1714 година.
Таткото на Ана, Јаков II и IV, бил соборен за време на „Славната револуција” од 1688 година. Нејзината сестра Марија и нејзиниот маж, зет и роднина на Ана, Вилијам, станале здружени монархии. По смртта на Марија во 1694 г., Вилијам продолжил сам со управувањето сè до неговата смрт и високото место кое Ана го постигнала во 1702 г.
Ана ги претпочитала конзервативците, кои имале поголема можност од нивните противници, виговците, да ги искажат нивните ставови за англиската религија. Виговците биле посилни за време на Војната за шпанското наследство, сè до 1710 г., кога кралицата Ана отпуштила многу од нивните припадници. Нејзиното блиско пријателство со Сара Черчил, војвотката од Марлборо се влошио поради различните политички погледи.
Покрај седумнаесет бремености, Ана починала без да задржи дете и станала последниот монарх од Стјуардската династија. Ана била наследена од нејзиниот втор братучед Џорџ I од Хановерската династија, кој имал врски со Стјуардската поради својата баба Елизабета, ќерка на Јаков VI и I.
Рани години
Ана е родена во 11:39 часот на 6 февруари 1665 г., во дворецот Свети Јаков во Лондон, како четврто дете и втора ќерка на Јаков, Војводата од Јорк (по II и VII) и неговата прва жена Ана ХјудCurtis, pp. 12–17; Gregg, p. 4. Брат на нејзиниот татко бил кралот Чарлс II, кој владеел во трите кралства на Англија, Шкотска и Ирска, а нејзината мајка била ќерка на претседавачот на Горниот дом, Едвард Хјуд, прв гроф на Кларендон. Ана била крстена во кралската капела во Св. Јаков. Нејзината постара сестра Марија, била една од нејзините кумови, заедно со владиката на Кантербери, Гилберт Шелдон и Ана СкотGregg, p. 4, војвотка од Монмут. Војводата и војвотката од Јорк имаале осум деца, но само Ана и Марија биле единствените деца кои ги преживеале зрелите години.Green, p. 17; Gregg, p. 6; Waller, pp. 293–295
Како дете, Ана патела од очна болест која се манифестирала со прекумерно солзење. Поради одредени медицински третмани, Ана била пратена во Франција каде што живеела со нејзината баба од страна на мајка ѝ, кралицата Довагер Хенриета Марија во Шато де Колумбија, во близина на ПаризCurtis, pp. 19–21; Green, p. 20; Gregg, p. 6. По смртта на нејзината баба во 1669 г., Ана живеела со нејзината тетка, Хенриета Ана, војвотката од Орлеанс. По ненадејната смрт на нејзината тетка во 1670 година, Ана се вратила во Англија. Нејзината мајка починала наредната година. Како што наведува традицијата на кралското семјество, Ана и нејзината сестра пораснале одделени од нивниот татко на нивен сопствен имот во Ричмонд, Лондон. По иницијатива на Чарлс II пораснале како протестанти. За нив се грижеле Колонел Едвард и Лејди Франсис Виљерс, а нивното образование било центрирано кон Англиканската цркваCurtis, pp. 21–23; Gregg, p. 8; Somerset, pp. 11–13; Waller, p. 295.
Околу 1671 година се случило првото запознавање на Ана со Сара Џенингс која подоцна станала нејзина блиска пријателка и една од највлијателните советодавачки. Во 1678 г. Џенингс се омажила со Џон Черчил (иден војвода на Марлборо). Тој бил брат на жената на војводата од Јорк, Арабела Черчил и еден од најбитните генерали на Ана.
Во 1673 година разговорот помеѓу војводата од Јорк и романскиот католицизам испаднал во јавноста. Тој се оженил со католичка принцеза, Марија од Модена, која што била шест и пол години постара од Ана. Чарлс II немал легитимни деца, па затоа Војводата од Јорк бил следниот за наследување, проследен од неговите две ќерки Марија и Ана од првиот брак. Во следните десет години, новите војводи од Јорк имале десет деца, но сите биле родени мртви или починале во раното детствоSomerset, pp. 22–23, при што ги оставиле Марија и Ана втора и трета на списокот за наследување на нивниот такткоSomerset, pp. 8–9.
Брак
Во ноември 1677 година, постарата сестра на Ана се омажила со холандскиот принц Вилем Орански, но Ана не можела да присуствува на свадбата бидејќи имала сипаници. Додека да се опорави, Марија веќе го започнала својот нов живот во Холандија. Лејди Франсис Диљерс ја фатило болест и починала. Вујна ѝ на Ана, Лејди Кларендон (жена на Хенри Хајд, вториот гроф на Кларендон) била назначена за нејзина нова гувернанткаGreen, p. 28; Gregg, p. 17; Somerset, p. 29. По една година, Ана и нејзината маќеа ја посетиле Марија во Холандија.
Во март 1679 г., таткото и маќеата на Ана, заминале во Брисел по примерот на антикатоличката хистерија потикната од Попиш Плот, па така Ана ги посетила на крајот од августGreen, p. 28: Gregg, p. 20. Во октомври тие се вратиле во Британија, војводата и војвотката во ШкотскаGreen, p. 29; Gregg, p. 22; Somerset, p. 34, а Ана во Англија. Ана била во посета на нејзините родители од јули 1681 до мај 1682 г. Тоа било последното патување на Ана надвор од границите на АнглијаGreen, p. 28.
Џорџ од Хановер (потенцијалниот наследник), втор роднина на Ана кој бил во посета на Лондон три месеци од декември 1680 г., ширел гласини дека тие двајца ќе се земаат. Историчарот Едвард Грег ги отфрлил гласините кои немале основа како што нејзиниот татко бил всушност прокуден од судот, па династијата Хановер планирала да ги венчаат принцот Џорџ и неговата братучетка Софија Доротеја од Кел како дел од планот за спојување на хановерското наследство. Други гласини потврдувале дека таа одржувала врска со Лорд Мулграв (подоцна Војводата од Бакингам), иако тој ги порекувал овие гласини. Како и да е, како резултат на овие озборувања, тој бил привремено отпуштен и пренесен во ТангерсGregg, p. 33; Somerset, pp. 41–42.
На 28 јули 1683 година во кралската капела, Ана се омажила за протестантскиот принц Џорџ од ДанскаGregg, pp. 33–34; Somerset, p. 43, брат на кралот Кристијан V од Данска. Иако нивниот брак бил договорен, тие биле верни и посветени еден на другCurtis, pp. 41–42; Green, pp. 34–35; Gregg, pp. 32–35; Somerset, p. 44. Неколку згради од Вајтхолската палата познати како Кокпит им биле доделени за нивен имот во Лондон. По барање на Ана, Сара Черчил станала една од дамите кои имаа пристап до спалната соба.Curtis, p. 43; Green, p. 36; Gregg, p. 34; Somerset, p. 49 За да го обележат нивното пријателство, Ана и Сара меѓусебно многу почесто се довикувале со г-ѓа Морли и г-ѓа Фримен отколку со нивните формални титули. По неколку месеци од стапувањето во брак, Ана останала бремена, но родила мртов зачеток. Ана се опоравувала во бања во градот Танбриџ ВелсGregg, p. 36; Somerset, p. 56, а следните две години, последователно родила две ќерки Марија и Ана Софија.
Владеењето на Јаков II и VII
Кога Чарлс II починал во 1685 година, таткото на Ана станал крал на Англија и Ирска како крал Јаков II и во Шкотска како крал Јаков VII.Somerset, pp. 61, 64 Јаков не бил многу добро прифатен од Англичаните кои биле загрижени за неговиот католицизам. Ана ја занемарувала таа загриженост и продолжила да ја посетува англиската служба. Бидејќи нејзината сестра живеела во Холандија, Ана и нејзиното семејство биле единствени членови од кралското семејство кои ја посетувале протестантската религија во Англија.Waller, p. 300 Кога нејзиниот татко сакал да ја крсти неговата најмлада ќерка во католичка вера, Ана се облила целата во солзи.Green, p. 38 „Црквата на Рим е безбожна и опасна“ – ѝ напишала таа на нејзината сестра – „нивните церемонии, повеќето од нив, планираат крајно идолопоклонство“Quoted in Green, p. 39; Gregg, p. 43 and Somerset, p. 21.
Во 1687 година, Ана го пометнала плодот, нејзиниот сопруг прележал сипаници, а нивните две ќерки починале од истата инфекција. Рејчел Вротесли, Леди Расел напишала дека Џорџ и Ана тешко ја поднеле смртта.Green, p. 39; Gregg, p. 47; Waller, p. 301„Понекогаш плачеа, понекогаш тагуваа искажувајќи длабоки зборови, потоа седеа во тишина, рака за рака, тој легнат болен во кревет, а таа најгрижливата медицинска сестра што може да постои.“ Подоцна истата година, таа родиа уште еден мртов плод.Weir, p. 268
Јавните критики за католицизмот на Јаков се зголемиле кога неговата жена Марија од Модена, останала бремена за првпат во времето на владеењето на ЈаковCurtis, p. 55; Gregg, p. 52; Somerset, pp. 80–82. Во писмо упатено до нејзината сестра Марија, Ана поттикнала сомнежи дека кралицата ја лажира својата бременост во обид да претстави лажен наследник. Таа напишала: „Тие се спремни на сè, нема да запазуваат на ништо ако тоа ги поткрепува нивните интереси...тие посакуваат и груба игра.“Letter dated 14 March 1688, quoted in Gregg, p. 54 and Waller, p. 303 Во април 1688 година Ана претрпела уште едно подметнување па го напуштила Лондон и заминала на опоравување во бања..Somerset, pp. 86–87; Waller, pp. 303–304
На 10 јуни 1688 година кралицата родила син (Јаков Франсис Едвард) и наследникот навидум бил обезбеден.Ward, pp. 241–242 Ана сè уште била на бања, па таа не присуствувала на пораѓањето, со што ги зголеми верувањата дека бременоста била лажна. Ана можеби намерно не присуствувала или пак само поради тоа што била болнаWaller, p. 304, но исто така можно е и Јаков да сакал да ги исфрли сите протестанти, вклучувајќи ја неговата ќерка, од државните работи. Ана ѝ напишала на нејзината сестра МаријаNenner, p. 243Yorke, pp. 65–68: „Јас можеби никогаш нема да бидам задоволна, дали детето е ваше или не. Можеби е моја роднина, но само Бог го знае тоа. Никој не може да ни помогне покрај стравовите и меланхоличните мисли, но какви било промени да се случат да знаеш дека секогаш ќе бидам верна на својата религија и верно твоја“.Quoted in Green, p. 43
За да ги прекини гласините за сомничавото дете, на состанокот на Личниот Совет, Јаков имал 40 сведоци,Somerset, p. 95 но Ана не можела да присуствува бидејќи била бремена и потоа одбила да ја чита изјавата под заклетва затоа што „не било потребно“..Gregg, pp. 62–63; Waller, p. 305
Славната револуција
Славната револуција била поттикната од зетот на Ана, Вилием Орански кој на 5 ноември 1688 година ја нападнал Англија со чија акција веднаш го соборил Кралот ЈаковGreen, p. 39; Gregg, p. 47; Somerset, p. 74. Јаков забранил да ѝ се плати на Марија посета на пролет во 1687 година но Ана се допишувала со неа и била свесна за нападите на Вилијам.Gregg, p. 60 Прифаќајќи го советот на ЧерчилGreen, p. 47; Gregg, p. 63, таа одбила да пактира со Јаков откако Вилијам се смирил и наместо тоа на 18 ноември му напишал на Вилијам дека го одобрува неговиот напад. Черчил го напуштил непопуларниот крал на 24 ноември. Принцот Џорџ таа вечер го следел примеротGregg, p. 64, па следниот ден Јаков наредил да ја сместат Сара Черчил во куќен притвор во палатата Св.Јаков.Gregg, p. 65 Ана и Сара пристигнале од Вајтхол преку задно скалиште и дозволиле за нив да се грижи епископот од Лондон, во чија куќа преноќиле една вечер и на 1 декември пристигнале во Нотингем. Две недели подоцна, Ана заминала до Оксфорд каде се сретнал со принцот Џорџ, придружувана од големо друштво:.Green, pp. 45–47; Gregg, p. 67 „Боже помогни ми“ изјавил Јаков кога дознал дека неговата ќерка побегнала на 26 ноември, „дури и моето дете се откажа од мене. На 19 декември] Ана се вратила во моето дете се откажа од мене“.Gregg, p. 66 На 19 декември, Ана се вратила во Лондон, каде што ја посетил нејзиниот зет Вилијам, а Јаков на 22 декември заминал за Франција.Gregg, p. 68; Somerset, p. 105 Ана не покажала никаква загриженост за патувањето на нејзиниот татко, па наместо тоа посакала да игра карти. Таа се оправдувала со тоа што „таа беше навикнaта да игра и никогаш не сакаше да прави нешто што наликуваше на присилување“.Lord Clarendon's diary, quoted in Green, p. 49