десно|thumb|300p|Валентино Роси Валентино Роси (, ) — италијански професионален мотоциклист и повеќекратен светски шампион во Мото ГП. Тој е еден од најуспешните мотоциклисти со девет светски гран-при првенства зад неговото име – седум од нив се во премиер-класата (кралската класа).
Следејќи ги стапките на неговиот татко Грацијано Роси, Валентино почна да се трка во гран-при во 1996 година за фабричкиот тим на Априлија во категорија до 125 cc и ја освои својата прва титула во светското првенство уште следната година. Оттаму се префрли во категоријата до 250 cc во фабричкиот тим на Априлија и го освои светското првенство во 1999 година. Во 2001 година го освои светското првенство до 500 cc со тимот на Хонда, а во 2002 и 2003 година ги освои Mото GP светските првенства, исто така со тимот на Хонда. По напуштањето на тимот на Хонда и приклучувањето во тимот на Јамаха ја продолжува својата серија на освојување на првенствата едноподруго во 2004 и 2005 година и повторно ја освојува титулата во 2008 и ја сочувува во 2009 година. Тој си оди од тимот на Јамаха и за да му се приклучи на тимот на Дукати во сезоната 2011.
Роси е прв на списокот на сите времиња со 79 победи во категоријата до 500cc/Мото ГП и втор на списокот на севкупни победи со 105 победи (зад Џакомо Агостини со 122).
Кариера Раните години Валентино Роси е роден во Урбино и тој бил уште дете кога неговата фамилија се преселила во Тавулија. Син на Грацијано Роси поранешен мотоциклист, тој започнува да вози на многу рана возраст. Првата љубов кон возењето бил картингот. Поттикнат од неговата мајка Стефанија Грацијано, купува картинг во замена за мотоцикл, како резултат на мајчината грижа за безбедноста на нејзиниот син. Сепак, карактерот на семејството Роси за постојано да се вози побрзо ќе предизвикаат редизајн; Грацијано го заменил моторот од 60cc со нов 100cc картинг-мотор за, тогаш, неговиот петгодишен син.
Роси победува на регионалното првенство во картинг во 1990 година. По ова тој се издигнува во мини-мото категоријата и до пред крајот на 1991 година освојува бројни регионални трки. Роси продолжува да се трка со картинг и завршува петти на државното првенство во картинг во Парма. И Валентино и Грацијано почнале да гледаат за префрлање во италијанската 100cc категорија како и во соодветните европски категории кои најверојатно би го турнале во насока на Формула 1. Сепак високата цена на тркачките картинзи го доведоа до одлука да се трка исклучиво во мини мото категоријата. Во периодот од 1992 до 1993 година, Валентино продолжува да ги учи деталите на мини-мото трките.
Со помош на неговиот татко, Вирџинио Ферари, Клаудио Кастиљони и Клаудио Лусуарди (кој бил на чело на официјалниот Каџива спорт производствен тим) во 1993 вози Каџива Мито 125cc мотоцикл, кој го оштетува при несреќата во првиот свијок не повеќе од стотина метри од бокс-линијата. Тој завршил како деветти тој викенд. Иако првата сезона во италијанското првенство на спортско-производствени тимови била неизвесна, тој постигнал пол-позиција во последната трка од сезоната во Мисано, каде што ќе заврши на подиумот. Во втората година Роси бил снабден со фабрички Каџива Мито од страна на Лусарди со кој го освојува италијанското првенство.
Светски првенства во категории до 125cc, 250cc и 500cc Во 1994 година, Априлија преку тимот Сандрони го искористила Роси за да го подобри својот RS125R, а за возврат му дозволила да научи да се справи со новото брзо темпо на 125cc трки. Во 1994 година за време на италијанското првенство бил дел од тимот Сандрони и продолжил да вози за него во 1995 година во европскиот и италијанското првенство.
Роси немал некаков успех во светското првенство во 1996 година, не успевајќи да заврши пет трки од сезоната и паѓајќи неколкупати. И покрај ова, во август го освоил своето прво гран-при од светското првенство во Брно Чешка со својата AGV Aprilia RS125R. Тој ја завршил сезоната на деветтата позиција и продолжил да доминира во светското првенство до 125cc во следната година во која победил на 11 од 15 трки.
До 1998 година Aprilia RS250 го достигнала својот врв имајќи ги во својот тим Валентино Роси, Лорис Капироси и Тетцуа Харада. Смртта на двајца негови пријатели во сообраќајна несреќа имала последици врз него. Тој ја завршува сезоната на второто место во категоријата до 250cc, со само 3 бода зад Капироси. Сепак во 1999 година ја освоил титулата со 5 пол-позиции и 9 победи.
Поради неговиот успех во класата до 250cc во 2000 година Роси бил награден со место во тимот на Хонда во тогаш најдобрата класа во светското мотопрвенство до 500cc. Џереме Бургес му го претставил NSR500 и бил убеден дека во комбинација со Роси ќе носи само успеси. Пензионираниот светски шампион во класата до 500cc Мајкл Духан, кој исто така го имал Џереми Бургес за главен инженер, работел со Роси како негов личен ментор во првата година во Хонда. На Роси ќе му биде првпат да се трка против Макс Бјаџи, друг италијански возач со кој често бил споредуван од страна на новинарите. Ќе бидат потребни девет трки пред Роси да победи со својата Хонда, но како и неговите претходни сезони во 125 и 250cc, ќе се создадат услови за втора посилна сезона каде што завршува на второто место зад Американецот Кени Робертс, Џуниор.
Роси го освоил своето прво светско првенство во класата до 500cc во 2001 година (победувајќи 11 трки) во последната година од таа класа. Во следната година двотактните 500cc мотори биле сè уште дозволени, но таа година се видел почетокот на новата Мото ГП класа со четиритактни 990cc мотори со што 500cc машини биле застарени. Во 2001 година Роси се здружил со американскиот возач Колин Едвардс во осумчасовната трка на издржливост во Сузука возејќи ја Хонда VTR1000SPW. Едвардс и Роси победиле на трката и покрај недостатокот на искуство на Роси во трките Superbikes.
Мото ГП Хонда (2002-2003) Воведната година за Мото ГП моторите била 2002 година кога возачите се соочува со проблеми навикнувајќи се на новите мотори. Роси победил на првата трка и продолжил со освојување на осум од првите девет трки во сезоната, остварувајќи вкупно 11 победи.
Во 2003 година била речиси истата ситуација за конкурентите на Роси кој освоил девет пол-позиции како и девет ГП победи со што го освои третото последователно светско првенство. Австралиското ГП на Филипинските Острови во 2003 година многу набљудувачи го сметаат за еден од најголемите моменти во кариерата на Роси поради уникатните околности. Откако му била дадена казна од десет секунди за претекнување за време на истакнатото жолто знаме поради несреќата на Трој Бејлис од Дукати, второпласираниот Роси продолжил да форсира и ја завршил трката со повеќе од петнаесет секунди предност анулирајќи ја казната и победувајќи на трката.
Во текот на втората половина од сезоната 2003 имало многу шпекулации за плановите за иднината на Роси. Некои луѓе се сомневале дека ќе успее во својот обид да ја освои третата последователна титула и се прашувале во кој тим е неговата иднина. Неговиот договор со Хонда истекувал на крајот од годината и постоеле гласини дека Роси станал помалку разочаран од неговиот мотор во Хонда. За време на неговиот мандат во Хонда тој успешно „возел” по својот зацртан пат обезбедувајќи ѝ на Хонда титула во светското првенство во класата до 500cc, како и последователни титули во Мото ГП светското првенство.
Здружен со зголемениот скептицизам дека причината за неговиот успех била доминацијата на RC211V, а не на Роси, било неизбежно Хонда и Роси да се разделат. Гласините во средината на сезоната посочиле кон можен премин во Дукати што ги довело италијанските медиуми до лудило; идејата големиот Италијанец на силен италијански мотор изгледала премногу добро за да биде вистинита. Дукати навистина пробал да го заведе Роси за да го вози нивниот Мото ГП мотор, „Desmosedici”, но поради голем број причини Роси ја отфрлил понудата, критичарите велат дека во споредба со другите производители Дукати имал долг пат пред да стане конкурентен дури и со Роси на помош. Ова се покажало како точно со незначајните перформанси на Дукати во сезоната 2004, кои дури биле полоши од воведната година во Мото ГП во 2003 година.
Во неговата афтобиографија “ Што Ако Никогаш Не Се Обидев”? Роси нуди уште една причина за изборот на Јамаха наместо Дукати потенцираќи дека начинот на размислување на Ducati Corse е премногу сличен на оној од Хонда од кој се обидувал да избега. На крај Роси потпиша две годишен договор со конкурентите Јамаха наводно во вредност над 12 милони американски долари, цена која ниеден друг производител, па дури ни Хонда не била подготвена да плати.
Јамаха (2004-2010)
Традиционалниот почеток на сезоната во Сузука бил откажан од безбедносни причини поради фатална несреќа на Даџуро Като, стартот на сезоната 2004 започна во Велком во Јужна Африка. Роси победил на трката, станувајќи единствен возач со последователни победи за различни производители, поведувајќи на последната трка од претходната сезона возејќи за Хонда. Роси ќе победи уште осум ГП трки од сезоната и првенствено борејќи се со Сете Жиберно за влакно ќе го освои првенството во извонредната трка на Филипинските Острови. Роси ја завршил сезоната со 304 бода, Жиберно со 257 и Макс Бјаџи на третото место со 217 бода.
Во гран-при мотоциклистичката сезона од 2005 година, Роси го освојува своето седмо светско првенство и петто последователно Мото ГП првенство. Завршил со 367 бода, 147 бода пред второпласираниот Марко Меландри (220 бода) и Ники Хејден на третата позиција со 206 бода. Роси ја започнува Мото ГП сезоната во 2006 година како фаворит за освојување на првенството, но тој имал проблеми во првата половина од првенството. Хејден го имал поголемиот дел од бодовите од повеќето трки низ сезоната, а Роси полека се искачувал до врвот. Роси конечно го зазема второто место во генералниот пласман зад Хејден на трката во Мотеги. Во португалското гран-при највозбудливата трка од сезоната Хејден бил соборен од својот клупски колега Дани Педроса со што не ја завршил трката. Ова доведе Роси да ги освои водечките бодови во генералниот пласман. Сепак, во Валенсија, последната трка од сезоната, Роси паѓа рано во трката со што Хејден го освојува Мото ГП првенството од 2006. Роси завршува како второпасиран.
Во Мото ГП сезоната 2007 Роси ја вози својата нова Yamaha YZR-M1 800 cc. Во првата трка од сезоната во Катар, Роси завршува втор зад Кејси Стонер возејќи Ducati Desmosedici. Роси подеди во Шпанија, втората трка од сезоната, и ќе победи уште 3 трки од сезоната. Стонер доминирал таа сезона со 10 победи, освојувајќи ја својата прва титула со предност од 125 бода од второпласираниот Дани Педроса. Победата на Педроса на последната трка во Валенсија во комбинација со откажувањето на Роси ќе го турне Роси на третото место со разлика од само еден бод. Ова бил најнизок пласман на Роси на првенствата уште од неговата прва сезона во 1996 година во категорија до 125 cc. Неговиот мотор бил недоволно конкурентен, посебно во максималната брзина споредено со Хонда или Дукати, поради што тој се закани дека ќе замине од Јамаха ако тие не направат подобар мотор.
Во 2008та Роси користи Бриџстоун гуми. За него сезоната започнува бавно со петто место во Катар, но неговата прва победа е во Шангај и на следните две трки. Од таа трка трка, Роси на секоја останата завршува на подиумот (освен во Холандија во Асен каде што падна и ја заврши трката на единаесеттото место) победувајќи на вкупно девет трки од сезоната. Неговите победи во Лагуна Сека (по претекнувањето на Стонер во свијокот “Corkscrew” кој падна но продолжи и го освои второто место) и поради дожд скратената трка во Индијанаполис значело дека има победено на секоја патека во сегашниот календар. Победата во Мотеги била негова прва победа на Мото ГП мотор. Победата во Мотеги му ја донело првата тутула во Мото ГП на со мотор од 800cc, шеста во главната категорија и осма вкупно.