Кражба на идентитет — форма на крадење на податоци за лична идентификација на друга личност и со тоа некој се преправа дека е некој друг, притоа преземајќи го идентитетот на другата личност најчесто со цел да достапи до ресурсите на таа личност или да добие средства и други бенефиции во името на таа личност. Жртвите од кражба на идентитет (тука се вбројуваат лицата чии идентитети се преземени од страна на крадец на идентитети) може да претрпат различни последици ако бидат одговорни за делата кои ќе ги изврши крадецот. Организации и поединци кои се измамени или ограбени од страна на крадец на идентитет можат да претрпат и најразлични последици и загуби до таа мерка за да станат жртви.
Терминот кражба на идентитет бил воведен во 1964, но сепак бидејќи не може буквално да биде украден идентитетот— помалку двосмислени термини се измама на идентитет или присвојување на идентитет.
"Утврдување на врската помеѓу повредa на податоците и кражба на идентитет претставува предизвик, пред сè бидејќи жртвите при кражба на идентитет често не знаат како нивните лични податоци се добиени," и кражба на идентитет не е секогаш забележлива од страна на поединечни жртви, според извештајот направен за FTC.Federal Trade Commission – 2006 Identity Theft Survey Report, p.4
Измама на идентитет често е (но не секогаш) последица на кражба на идентитет. Некој може да украде или присвои лични податоци без притоа да изврши кражба на идентитет со користење на информации за некое лице, како на пример кога се случува да бидат пробиени големи количини на податоци. Студијата на Accountability Office на Владата на САД утврдила дека "повеќето прекршувања не резултираат со откриени случаи на кражба на идентитет". Подоцна необјавена студија на Карнеги Мелон Универзитетот, истакнала дека "Најчесто, причините за кражба на идентитет не се познати", но објавиле дека било заклучено дека "можноста да стане жртва на кражба на идентитет, како резултат на пробивање на податоци е околу 2% ".
Типови Извори како што се непрофитен ресурсен центар за кражба на идентитети ги имаат следните пет поткатегории:
Кривична кражба на идентитет (претставување како друга личност кога се приведени за кривично дело) Финансиска кражба на идентитет (користење на друг идентитет да добијат кредит, стоки и услуги) Клонирање на идентитет (со користење на туѓи информации да се претстави нечиј идентитет во секојдневниот живот) Медицинска кражба на идентитет (со користење на туѓ идентитет да се добие медицинска нега или лекарство) Кражба на идентитет на дете.
Кражба на идентитет може да се користи за да се олеснат или извршат и други кривични дела, вклучувајќи илегалната имиграција, тероризам и шпионажа. Постојат случаи на клонирање на идентитет со цел да се нападат платежните системи, вклучувајќи и онлајн кредитни картички и здравствено осигурување."Medical Identity Theft: What to Do if You are a Victim (or are concerned about it)" , World Privacy Forum
Обично, крадци на идентитет сакаат да привлечат внимание, го прават тоа за забава, одмазда или да нарушат нечиј углед. Понекогаш, тие имитираат други за не-финансиски причини како на пример, да добијат пофалба или внимание за достигнувањата на жртвата.Former Major League Baseball player Reno Stephens was impersonated for over twenty years by an individual with the same name. There is no evidence that the impersonator gained financially from the impersonation but he did receive significant local attention.
Клонирање на идентитет и прикривање Во оваа ситуација, крадецот на идентитет презема некој лик со цел да го прикрие својот вистински идентитет. Примери може да се нелегални имигранти, луѓето кои се кријат од доверителите или други лица или оние кои едноставно сакаат да станат "анонимни" од лични причини. Друг пример се позери, етикета дадена на луѓе кои користат туѓи фотографии и информации преку мрежните места за социјално вмрежување. Главно, позерите создаваат веродостојни приказни кои вклучуваат пријатели на вистинската личност која се имитира. За разлика од кражба на идентитет која се користи за да се добие корист што обично излегува на виделина кога долговите ќе се зголемат, прикривањето може да продолжи бесконечно без да бидат откриени, особено ако крадецот на идентитет е во состојба да добие лажни ингеренции со цел да помине на различни проверки и тестови во секојдневниот живот.
Кривична кражба на идентитет Кога криминалец лажно се идентификува на полицијата како друг човек на местото на апсење, тоа се нарекува "кривична кражба на идентитет." Во некои случаи криминалците претходно имаат добиено од државата лични документи со користење на ингеренции украдени од другите или едноставно со презентирање на лажна лична карта. Доколку трикот работи, казната може да се стави на името на жртвата. Жртвите може да дознаат за вакви инциденти случајно, на пример, со добивањето на судските покани, откривање дека нивните возачки дозволи се суспендирани и слично.
Медицинскa кражба на идентитет Медицинскa кражба на идентитет се случува кога некој го користи името на друго лице, а понекогаш и другите делови на идентитет, како што се здравствено осигурување без знаење на лицето или согласност за да добие медицински услуги или лекови, или користи информации за идентитетот на лицето да направи лажни тврдења за медицински услуги или лекови. Медицинска кражба на идентитет често резултира со погрешни записи во постојните медицински досиеја, кои за возврат можат да доведат до одлуки кои се несоодветни и потенцијално опасни по живот од страна на медицинскиот персонал.
Кражба на идентитет на деца Кражба на идентитет на деца се случува кога социјален број на малолетник се користи од страна на друго лице за лична корист. Натрапникот може да биде член на семејството, пријател, па дури и некој странец. \http://www.idtheftcenter.org/artman2/publish/v_fact_sheets/Fact_Sheet_120.shtml Броевите на социјалното осигурување на деца се вредни бидејќи немаат никави информации поврзани со нив. Крадците може да воспостават кредитни линии, да добијат возачки дозволи па дури и да купат куќа користејќи го идентитетот на детето. Ова измама може да трае и да биде неоткриена со години бидејќи повеќето деца го откриваат проблемот години подоцна. Кражба на идентитет на деца е прилично честа појава и студиите покажале дека проблемот е во пораст. Најголемата студија за кражба на идентитет на деца, како што е соопштено од страна на Richard Power на Карнеги Мелон Cylab со податоците доставени од страна на AllClear проектот, покажала дека од 40.000 деца, 10,2% биле жртви на кражба на идентитет.
Техники за добивање и искористување на лични информации за кражба на идентитет Крадци на идентитет обично добиваат и искористуваат лични информации на поединци или различни ингеренции што ги користат да се идентификуваат, со цел да ги имитираат. Примерите вклучуваат: Пребарување преку ѓубре за лични информации Прибирањето на личните податоци од излишна ИТ опрема и чување на медиумите вклучувајќи лични сметачи, опслужувачи, PDA, мобилни телефони, USB мемориски стапчиња и тврди дискови што се отстрануваат на јавни депонии, раздавани или се продаваат без да бидат правилно санирани Користење на јавните книги за граѓаните, објавени во службени регистри како што се гласачките списоци Кражба на банка или кредитни картички, лични карти, пасоши, проверка на токени ... обично од џепарење, провала или кражба по пошта Добивање информации од банка или кредитни картички користени на компромитирани рачни читачи на картички и создавање на клон картички Користење на безконтактна кредитна картичка да се здобијат со податоци безжично од RFID-от за пасоши Набљудување корисници при пишување на нивната најава на ингеренциите повикувајќи картички итн во ИТ опремата што се наоѓа на јавни места Кражба на лични податоци од компјутерите со користење на злонамерен софтвер, особено тројански коњ или други форми на шпионски софтвер Хакирање на компјутерски мрежи, системи и бази на податоци за да добијат лични податоци, често во големи количини Користење пробиви што резултира со објавување или повеќе ограничено откривање на лични информации, како што се имиња, адреси, матичен број или броеви на кредитни картички Рекламирање лажни понуди за работа со цел да се акумулираат биографии и апликации обично за откривање на имињата на кандидатите, домашни и е-пошта адреси, телефонски броеви, а понекогаш и нивните банкарски детали Користење внатрешен пристап и злоупотреба на правата на привилегирани ИТ корисници за пристап до личните податоци на системи на нивните работодавци " Инфилтрирање на организации кои чуваат и обработуваат големи количини или особено вредни лични информации Претставување доверливи организации во пораки, СМС пораки, телефонски повици или други форми на комуникација со цел да се наведат жртвите да ги откријат своите лични податоци или ингеренциите за најава, обично на лажно мрежно место или форма за собирање на податоци Brute-Force напад на слаби лозинки и користење на компромис за слаба лозинка и ресетирање на прашања Добивање на одлеаноци на прсти за фалсификување (отпечатоци). Барање за социјално вмрежување на мрежни места за лични податоци објавени од страна на корисниците кои често ја користат оваа информација да се појави поголем кредибилитет во социјалните активности Пренасочување на жртвите на e-mail или по пошта со цел да добијат лични податоци и документи како кредитни картички, наплата и извештаи од банкарска / кредитна картичка, или да се одложи откривањето на нови сметки и кредитни договори Кражба на проверки за да се здобијат со банкарски информации, вклучувајќи ги и броевите на сметки и насочување на броеви"Identity Theft" , Douglas County Sheriff's Office, Washington Погодување на броеви на социјално осигурување со користење на информации најдени на интернет социјални мрежи како Facebook и MySpace Ниска безбедност / заштита на приватноста на фотографии кои лесно можат да се симнат од мрежни места. Befriending странци на социјалните мрежи и искористување на нивната доверба за да се стигне до приватни информации кои се дадени.
Поединечна заштита на идентитет Стекнување со туѓи лични идентификатори е овозможено преку сериозни прекршувања на приватноста. За корисниците, ова е обично резултат на наивно доставување на личните информации или ингеренции за најава на крадците на приватност како резултат на измама, но со идентитетот се поврзани и документи како што се кредитни картички, банкарски извештаи, сметки, чековни книшки итн, кои исто така може да бидат физички украдени од возила, домови и канцеларии или директно од џебови и торби на жртви. Внимавање на личните идентификатори од страна на потрошувачите е најчестата стратегија за интервенција која е препорачана од страна на Федералната комисија за трговија на САД, Canadian Phone Busters и повеќето мрежни места кои се однесуваат на кражба на идентитет. Таквите организации нудат препораки за тоа како поединците можат да спречат нивните информации да паднат во погрешни раце.
Кражба на идентитет може да биде делумно ублажена со избегнување на идентификување кога истото не е потребно (контролна форма на безбедност на информациите позната како избегнување на ризик). Ова значи дека организациите, ИТ системите и постапките не треба да бараат преголеми количини на лични информации или ингеренции за идентификација и автентикација. Барање, чување и обработка на лични идентификатори (како што се матичен број, број на пасош, број на возачка дозвола, број на кредитна картичка, итн) го зголемува ризикот од кражба на идентитет, освен ако овие вредни лични информации не се соодветно обезбедени.
За да се заштитат себеси од електронска кражба на идентитет од страна на хакер или злонамерен програм, на поединците им се препорачува да одржуваат поголема компјутерска безбедност, на пример да користат антивирусен софтвер и да бидат претпазливи во нивната употреба на ИТ.