Оваа статија е за остров во Африка. За останати значења, видете ја страницата за појаснување.
Принсип (португалски: Ilha do Príncipe, „остров на принцот“Се однесува на португалскиот принц во времето на колонијалниот период.) е најсеверниот и помал главен остров во државата Саун Томе и Принсип. Островот има вкупна површина од 136 км2 и население од околу 5000 жители. Островот е од вулканско потекло и истиот е опколен од уште неколку помали острови, како што се Бом Бом, Каросо, Тињоса Гранде и Тињоса Пекена. Централните и северните делови на островот биле плантажи, основани за време на португалскиот колонијален период. На плантажите се одгледувало какао и шеќер и со тоа островот станал еден од најголемите производители на какао.Pinnock, D & Pinnock, G (2012) Chocolate Island. Africa Geographic. February 2012
Административна поделба Островот, целиот, е дел од округот Паге, кој е единствен округ во покраината Принсип.
Населени места Принсип има само еден град, Санто Антонио и еден аеродром. Покрај градот, на островот има и одреден број села, меѓу кои Бела Виста, Бомбом, Футуро, Невес Фереира, Пасиенсија, Понта Фонте, Рибеира Изе, Санто Антонио де Урека и Вила Роса.
Демографија Покрај официјалниот португалски јазик, на островот се зборуваат и принсипнскиот јазик и фороанскиот јазик. Островот има околу 5 000 жители.
Наводи
Надворешни врски
Карта на Принсип Бом Бом, Принсип Портал за Принсип
Категорија:Острови во Саун Томе и Принсип Категорија:Автономни покраини Категорија:Поранешни колонии на Португалија