Ѓорѓи Томовски (роден во година во ) — македонски сликар и мозаичар.
Животопис Томовски е роден во Скопје во 1977 година. Средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1996 година, а дипломирал во 2001 година, на сликарскиот отсек при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Родољуб Анастасов.
Активно работи мозаик од 1996 и учествувал како соработник во изведбата на мозаиците на проф. Газанфер Бајрам во Собранието на Македонија, во салонот за важни личности при Аеродромот „Александар Велики“ како и мозаикот поставен во холот на Македонскиот народен театар.
Член е на ДЛУМ од 2002 година. Учествувал на повеќе групни изложби и уметнички колонии, а првата самостојна изложба му била под наслов „Од утро до утро, со градот и без него“ одржана во КИЦ 2005 година. Живее и работи во Скопје.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски мозаичари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје