Анаберг () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Ауе-Шварценберг, Штолберг и Средни Рудни Планини. Бои на округот биле розова, зелена и сина.
Историја
Во средниот век, Рудните Планини биле речиси ненаселени и покриени со густи шуми. Градовите Анаберг и Буххолц (споени во 1945 да го создадат Анаберг-Буххолц) биле основани на крајот на век, поради откривањето на рудите сребро и калај. Па така, луѓето од саксонските низини се преселиле во планините и основале многу мали градови и села.
Округот Анаберг бил основан во 1874 година.
Округот Анаберг станал дел од новиот округ Рудни Планини на 1 август 2008 година. Округот Рудни Планини се состои од поранешните окрузи Анаберг, Штолберг, Ауе-Шварценберг и Средни Рудни Планини.
Географија
Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини на чешко-германската граница. Се простира од високите планини на самата граница до ниските ридови на север. Градот Обервизентал е највисокиот град во Германија. Се наоѓа на падините на Фихтелберг, вториот највисок врв на Рудните Планини, на 1.214 метри.
Грб
100п|ГрбГрбот прикажува: Горе лево: грбот на грофовијата Шенбург-Валденбург Средина лево: грбот на грофовијата Вербен Долу лево: грбот на грофовијата Волкенштајн; оваа фамилија како и двете гореспоменати династии имале поседи во овој дел на Рудните Планини во текот на доцниот Среден Век Десно: лавот било хералдичко животно на грофовија Мајсен, претходникот на Саксонија; во овие грбови лавот држи рударска алатка со неговите предни нозе, симбилирајќи ја рударската традиција на Рудните Планини
Градови и општини
ГрадовиОпштиниАнаберг-Буххолц Еренфридерсдорф Елтерлајн Гајер Јештат Обервизентал Шајбенберг Шлетау ТумБеренштајн Кротендорф Геленау Кенигсвалде Милденау Зематал Таненберг Термалбад Визенбад
Надворешни врски Службена страница Неофицијална страница
Категорија:Поранешни окрузи во Саксонија Категорија:Држави и територии распаднати во 2008 година