Лох Ломонд (англ. Loch Lomond, гел. Loch Laomainn) — слатководен лох во Шкотска сместен на Горскиот Граничен Расед. Ова е најголемо езеро во Велика Британија по површина. Има многу острови, вклучувајќи ги Инчмарин, (најголемиот езерски остров на Британските Острови) иако самото езеро е помало од многу езера во Ирска. Loch Lomond is a popular leisure destination and is опеан во песната The Bonnie Banks o' Loch Lomond („Убавите брегови на Лох Ломонд“).

Географија

Ова е слатководен лох што се протега низ Горскиот Граничен Расед кој ги дели низините во средна Шкотска од Горите. Долг е 39 км, а широк помеѓу 1,21 км и 8 км. Има просечна длабочина од 37 м, а максималната изнесува 190 м. Зазема површина од 71 км2 и зафатнина од 2,6 км3. Ова е најголемо езеро во Британија по површина и второ по водна зафатнина (по Лох Нес).„Преглед на водната околина на Шкотска 2000-2006“ - SEPA. пров. 11 октомври 2008 Во рамките на Обединетото Кралство, езерото зазема трето место, по Лох Неј и Долниот Лох Ерн во Северна Ирска.Whitaker's Almanack (1991) London. J. Whitaker and Sons. стр. 127.

Езерото традиционално претставува граница помеѓу Стерлингшир и Данбартоншир, а денес се протега во управните области Стерлинг, Аргајл и Бјут и Западен Данбартоншир. Јужните брегови се оддалечени 23 км на север од главниот град Глазгов.

Денес Лох Ломонд е дел од националниот парк Лох Ломонд и Тросахс. Планината Бен Ломонд (974 м) е сместена на источниот брег и е најјужна од повисоките шкотски планини наречени „манро“. Во анкетата „Чуда на природата на Велика Британија“ на Radio Times спроведена во 2005, Лох Ломонд го освоил 6-то место.Пештерите го освоија првото место за чудо на природата - BBC, 10 декември 2006

Главна сообраќајница кај езерото е патот A82 кој се протега долж западниот брег.

Острови мини|десно|245п|Поглед од врвот на островот Инчкалох до Торинч, Креинч, Инчмарин и Бен Боуи Лохот има околу 30 острови. зависно од водостојот. Неколку од нив се големи по британските стандарди за езерски острови. На пример, Инчмарин езерски остров на Британските Острови. Како и во Лох Теј, неколку од нив се „кранози“ - вештачки острови изградени како живеалишта во праисторијата.

Поврзано Лох Список на лохови во Шкотска

Наводи

Надворешни врски Национален парк Лох Ломонд и Тросахс Податоци за Лох Ломонд Планинарски патеки околу Лох Ломонд Островите на Лох Ломонд

Ломонд, Лох Категорија:Западен Данбартоншир Категорија:Аргајл и Бјут Категорија:Стерлинг