Брајтенбрун () — општина во подрачјето на Рудните Планини во истоимениот округ, во Саксонија во Германија.
Географија Составни делови
Општината се состои од Брајтенбрун со Брајтенхоф, Каролатал, Халбемајле и Рабенсберг, Антонстал со Антонсхее, Ерлабрун, Штајнхајфел и Фелбах, како и Ритерсгрин и Телерхојзер.
Соседни општини
Се граничи со Јохангеоргенштат, здравствениот ресорт Обервизентал и градот Шварценберг, сите во Ерцгебиргскрајс.
Местоположба
Брајтенбрун се наоѓа на планинскиот масив недалеку од долината Шварценвасер на исток. Опкружен е од, меѓу другите планини, Рабенберг и Зауберг.
Историја
мини|180п|лево|Руини од поранешното ловиште во Електоратот
Како највисоко село во Грофовијата Шварценберг, Брајтенбрун бил основан дури во 13-от век. Со помошта на огромните ливади и места, можело да се претпостави дека во прво време не се населиле повеќе од 10 семејства. Селото првпат било споменато во документите како „Breitinprun“ во 1380 во хроника на планинските грофови од Лајсниг, кога му биле доделени рударските права за рудникот за калај. Дури и пред основањето на Брајтенбрун, таму имало тврдина и кула, шанец и мала надворешна одбрана да го брани поседот на грофовијата Шварценберг како негова најјужна точка. Откако бил пронајден извор во рамките на шанецот, тој бил наречен „широк извор“ или breiten Brunnen на германски, и наскоро овој опис бил земен како име на местото.
Специјално историско значење имаат Breitenbrunn Papermill пронајдени во градот, од кои меѓу другите, Јохан Себастијан Бах ги добил неговите нотни листови.
мини|200п|десно|Црква во Брајтенбрун околу 1900
Религија
Во времето на католицизмот, Брајтенбрун прво припаѓал на парохијата Шварценберг. Подоцна била изградена капела посветена на Свети Петар, правејќи го Брајтенбрун важна парохија во Шварценберг. Дури и по реформацијата била одржувана извесно време независна време. Меѓуоа, сега, Брајтенбрун има сестринска заедница во новооснованата парохија Гринстетел.
Селото ја добило секуларната независност во 1559, кога била изградена и црквата Свети Кристофер (St. Christophorus-Kirche).
Денес, покрај евангелистичко-лутеранската заедница Свети Кристофер се наоѓа и евангелистичко-методистичката заедница.
Население
1533 – околу 200 1801 – 2.250 1834 – 2.058 1852 – 2.943 1890 – 2.224 1910 – 2.167 1925 – 2.113 1946 – 2.467 1956 – 5.018 1960 – 4.259 1971 – 3.420 1999 – 3.909 2002 – 3.879 2005 – 3.751 Податоци од 1999: Statistisches Landesamt Sachsen
Политика Градоначалник
Градоначалник на општината е (Bürgermeister) Ралф Фишер, роден во 1955, бил избран на последните избори за градоначалник на 10 јуни 2001 со 98,4% од сите гласови.
Партнерство
Натхајм, Баден-Виртемберг
Култура и знаменитости
мини|250п|Брајтенбрун во зимамини|250п|Haus des Gastes и училиште
Рудник за посетители Свети Кристоф Silberwäsche Технички музеј во составниот дел Антонстал Christophoruskirche од 1559 Споменик на свештеникот Волфганг Уле на влезот на гробиштата Руини на ловиштето
Природни споменици
„Himmelswiese“ заштитена природна област близу составниот дел Халбемајле Preißhausbuche, познато буково дрво
Образование
Брајтенбрун е познат по неговата Staatliche Studienakademie Breitenbrunn (Покраинска академија Брајтенбрун). Овде учат околу 300 студенти на двоен принцип за туризам, економија и индустрија.
Спорт
Спортски и образовен центар Рабенберг (со отворен базен и ски-патека за крос-кантри)
Редовни настани
Црковен фестивал во горното село на последниот викенд од август
Познати луѓе
Волфганг Уле (1512–1594), свештеник во Брајтенбрун Кристијан Готлоб Вилд, свештеник и поет, умрел овде во 1839
Наводи
Надворешни врски
Службена страница на општината Рудник за посетители
Категорија:Рудни Планини (округ)